Го имаш ли истото чувство кога се работи за трака како и сите останати? 🙂 Не проаѓа време, или трчаш и постојано си на исто место. Едноставно пребрзо ти здосадува, особено ако си дома. И уште повеќе во зима!
Епа ако заклучивме дека е подобро да одиш во твојата омилена фитнес локација и да те понесе вежбачка атмосфера, сега ќе треба уште да ти помогнеме со некои совети што ќе ти помогнат да си го “зачиниш” трчањето на трака.
1. Прави промени во висината и косината на траката
Доколку имаш среќа да трчаш на понова и помодерна трака ќе имаш можност да си играш со висината на траката што ќе ти ја крши монотонијата и ќе ти овозможи да чувствуваш напор макар и со пешачење.
2. Планирај ја музиката пред време
Иако многу луѓе “плукаат” по технологијата и ја обвинуваат дека ги здебелува со тоа што ги врзува за кревет или столица, сепак и не е баш така. На пример со твојот телефон денес можеш да си направиш листа со песни пред да одиш на трчање. Одбери песни што ти изнудуваат добро расположение, насмевка и желба за играње :). Времето ќе ти помине побрзо и ќе бидеш помотивиран да дадеш интензитет на трчањето. Дури можеш да пробаш и со некое видео на твојот телефон, серија или концерт. Но, ова не е препорачливо доколку сакаш да направиш интервален тренинг со спринтови.
Прочитај ја целата статија на следниот линк.