Љубител на танцот, секогаш подготвена за нов предизвик и спремна да се надминe себе си со преземање на акција. 💃
Запознајте ја Ива Какашевска, нашиот ФитКит херој на неделата. 👋
Првата активност што ја закажала преку ФитКит апликацијата била вежбање во теретана. Од тогаш, секој ден ја користи апликацијата за да си резервира тренинг што најдобро се вклопува во нејзиниот распоред. 📅
Од сите дисциплини што до сега ги има пробано, танцот е нејзината омилена активност (без конкуренција).
Јас сум човек што цел живот танцува! До скоро, тоа ми беше секојдневна физичка активност. Меѓутоа, во последен период практикувам тренинзи во теретана, затоа што сакам нови предизвици. Но, танцот секогаш ќе остане мој фаворит. 💯
Ива смета дека онлајн тренинзите се доста практична и погодна метода, одлична за луѓето на кои им е подобро да вежбаат од дома. Единствената негативна страна ја гледа во тоа што онлајн тренинзите не се погодни за почетници.
Нема конкретен фитнес идол, туку ја црпи инспирацијата од секој човек којшто води грижа за своето здравје и својот изглед.
За време на пандемијата сфатив од колкава важност е да имаме добри навики и рутина, затоа што тогаш до израз доаѓа изреката дека мотивацијата е краткотрајна, а дисциплината е она што нас нѐ оддржува. Во тој период, се потрудив своето време да го организирам максимално и секој ден да одвојувам време за физичка активност. Тоа го практикувам до ден денеска. 💪
Како Ива се мотивира да вежба кога ја мрзи?
Ме мотивира помислата на чувството после тренинг – “ендорфинската доза” после добро вежбање.
Како QA инженер во компанијата Allocate Software, физичката активност ѝ помага да го подобри своето ментално здравје и да го намали стресот, што игра огромна улога во зголемената продуктивност на работното место. 😊
Еве што ги советува колегите што немаат навика или мислат немаат време за вежбање:
Секој може да посвети и одвои 3 часа неделно за себе. Ова е само 2% од вашето време на неделно ниво што како резултат би донело значителни позитивни промени во вашиот живот.
За да дознаеш повеќе за Ива:😎
👍 Додај ја за пријател на Фејсбук: Iva Kakashevska
📸 Пиши ѝ на Инстаграм: @ikakasevska
🎯 Конектирај се на LinkedIn: Iva Kakashevska
ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и како платформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови.
Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV.