Возењето точак и вежбањето теретана наутро се нејзината рецепта за продуктивен ден, полн со многу енергија и елан за работа. 🌞
Запознајте ја Маја Крстева, нашиот ФитКит херој на неделата. 👋
Секогаш кога чувствува дека нема мотивација за вежбање, овде се нејзините пријателки коишто постојано ја инспирираат да продолжи кон патот на остварување на своите фитнес цели.
🎶 Она што дополнително ја мотивира да го даде својот максимум, е нејзината омилена мелодија:
Мојата цел е подобрување на општата физичка форма и издржливост како и зацврстување на телото. Секогаш правам вежби за истегнување пред и после тренингот, за време на тренинг фокусот е ставен на вежби за мускули и кардио, а самиот тренинг завршува со еден убав и здрав доручек. 🥑
Првата активност што Маја ја закажала преку ФитКит апликацијата е програмата Goddess во фитнес студиото Kinetics за да навлезе во светот на функционалните тренинзи и да дознае што имаат да ѝ понудат.
Избирам да вежбам од дома или во фитнес студио во зависност од денот и обврските, но повеќе практикувам вежбање во теретана бидејќи знам дека тоа време поминато ќе го искористам продуктивно и со соодветна опрема. 🏋️
Најчестата опрема што Маја ја користи за вежбање е руско ѕвоно коешто го комбинира со различни вежби.
Маја работи како Product и UX Designer во компанијата LDSK (LiveDOOH Signkick). 🧑🎨
Таа вели дека токму вежбањето наутро ѝ помага да биде поконцентрирана на работа и да го исфрли наталожениот стрес.
Вежбањето има голем број на здравствени придобивки, но служи и за подобрување на нашите навики, особено за оние како мене коишто работното време го поминуваме седејќи и работејќи пред компјутер. Но, вежбањето може да помогне и за подобрување на тимската динамика, како можност за вработените да работат заедно, но и да ги развиваат своите комуникациски вештини. 🙌
А на своите колеги коишто сè уште не му дале шанса на вежбањето, им го препорачува следново: ⬇️
Да си го најдат тоа што нив им одговара најмногу, со темпо коешто им одговара и да не се водат според некои луѓе коишто вежбаат со години, бидејќи секој од нас некогаш бил на почеток.
За да дознаеш повеќе за Маја:😎
👍 Додај ја за пријател на Фејсбук: Maja Krsteva
📸 Пиши ѝ на Инстаграм: @majakrsteva
🎯 Конектирај се на LinkedIn: Maja Krsteva
ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и со опција за закажување сесии со лиценциран психолог.
ФитКит е и платформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови. Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV. Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.