ФитКит Херој на Неделата: Марин Миленкоски

Марин-Миленкоски

Вежба за да го одржи своето здравје на врвно ниво, но и да има сила и енергија да пее насекаде каде што има можност, било тоа да се настапи во живо, во канцеларија или на социјалните медиуми. 🎤

Запознајте го Марин Миленкоски, нашиот ФитКит херој на неделата. 👋

Мојот приоритет е да го одржам здравјето, силата на телото и умот. Првенствено, уживам да се фокусирам на градење и одржување мускулната маса и сила. Се надевам дека овој начин на живот ќе ме поддржи додека стареам и ќе ми помогне да ги задржам моите мускули робусни. 💪

Својата фитнес инспирација ја црпи од татко му. 

Мојата инспирација би ја препишал на татко ми кој е тренер по одбојка. Набљудувањето на неговата непоколеблива посветеност кон неговата професија, посветувајќи до 18 часа на ден, навистина придонесе за неговите моментални достигнувања. Имањето татко кој што е тренер имаше големо влијание врз моето воспитување. Ме тренираше 3 пати на ден, секој ден, што ми ги всади дисциплината и спортскиот менталитет што ги поседувам денес. 🙌

Она што дополнително му дава елан за вежбање се различни музички жанрови како хип-хоп и метал. Моментално на неговата плејлиста се наоѓа следниов подкаст:

Марин е личност којашто постојано се труди да ги надмине претходните перформанси на вежбање, секогаш посветувајќи 100% напор. 🎯

Мојот примарен избор е фитнес студио, без исклучок. Секоја посета е водена од единствена цел: да го постигнам мојот врвен тренинг. Дополнително, достапноста на опрема за вежбање во голема мера влијае на мојата одлука. Цел живот се занимавам со спорт, почнувајќи од одбојка до ММА. Поради тоа,  претпочитам да вежбам сам. Сепак, имам претстојни планови кои ќе вклучуваат работа со професионален тренер.

Marin-Milenkoski

Неизоставен дел од редовното вежбање се и комичните ситуации.

Постојано трчав зад коријата во Крушево. Во еден момент, помислив дека видов волк како трча накај мене, па почнав да бегам и викам дур не ме сопре сопственикот да ми каже дека хаската сакала само да си игра. 🐶

Првиот тренинг што го има закажано преку ФитКит апликацијата е тренинг во фитнес студио Legion

Од тогаш, тој редовно ја користи апликацијата за да ги искуси сите бенефити од редовното вежбање на своја кожа. 

Marin-Milenkoski

Би сакал да запознаам фитнес гуруа и поединци коишто биле извор на инспирација во текот на мојот живот. Морам да забележам дека веќе ја имав привилегијата да познавам и работам со еден таков гуру, Зоран Милошевски. Неговото патување од аспирант до бодибилдер, ги илустрира принципите на постигнување на нечии цели без оглед на возраста, нагласувајќи дека ништо не е несовладливо со вистинската верба во себе. 🚀

Марин работи како Data Protection Consultant во компанијата GDPR Local.

Спротската активност ми помага да го смирам умот, но и да бидам попродуктивен на работното место! 

Marin-Milenkoski

За да дознаеш повеќе за Марин:😎

👍 Додај го за пријател на Фејсбук: Marin Milenkoski (Always the vlav way)

📸 Пиши му на Инстаграм: @marin.sfh

🎯 Конектирај се на LinkedIn: Marin Milenkoski

 

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и со опција за закажување сесии со лиценциран психолог. 

ФитКит е и плFitKit logoатформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови. Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV. Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore