Зошто јога и медитација се моќна комбинација што ќе ти го промени животот?

sergej-georgiev-joga-meditacija
sergej-georgiev-joga-meditacija

Дали имаш предрасуди кон јогата и медитацијата? Дали сметаш дека тие се губење на време? Сергеј Георгиев, учител по јога и медитација ќе ти го смени мислењето.

Во новиот WELLCAST with Josif, Сергеј објаснува зошто јогата и медитацијата се моќна комбинација што може да ти го промени животот на подобро. 💯

Јога асаните не се натпревар со другите, туку со самиот себе за тоа дали сум подобар од вчера. Некои луѓе ја гледаат јогата како активност за одржување на здраво телото, за смирување на умот и нервниот систем. Додека, пак, медитацијата има многу повеќе бенефити фокусирани на емотивниот и менталниот склоп. 🧠

sergej-georgiev-joga-meditacija

Што значи да се биде духовно развиена личност?

Најдобриот показател за тоа дали некој има длабоко спознание за духовноста е колку му е лесно да остане мирен и среќен во животот без оглед на предизвиците околу него, објаснува Сергеј.

Кога ќе ги отфрлам сите етикети и нема да се идентификувам со сите концепти и верувања, доживувањето на кој сум и што сум прави ништо од страна да не може да ми го вознемири тој мир што го имам длабоко во себе. Ништо не доживувам како апсолутно важно, туку како состојба во транзиција што постојано ќе се менува. Имам мир во себе којшто нема да се промени без разлика дали имам добри или лоши искуства во животот. 💪

Зборчето “треба” е пречката кон постигнување целосна смиреност, бидејќи постојано сме под општествените практики за тоа како треба да се однесуваш во одредена ситуација, каков треба да бидеш и слично. Духовноста те ослободува од тој концепт. 🙏

sergej-georgiev-joga-meditacija

Дали јогата и медитацијата секогаш одат заедно?

Често кога го користиме зборот јога, мислиме на физичките вежби – асани и на дишењето. Но, јогата е многу поширок поим. И медитацијата е дел од јогата.

Медитацијата не е праксата или техниките што ги работам. Таа е состојба на свесност што е различна од тоа кога сум буден, кога сонувам или сум во длабок сон и немам сон. Во медитација си буден, умот е многу смирен и нема мисли. 🙇

Луѓето често ја мешаат медитацијата со техниката за концентрација каде што треба да ги исклучиш сите мисли. Токму елиминирање на мислите во глава е она што ги фрустрира луѓето и тие одлучуваат дека медитацијата не е за нив. 🤦

Најдобро е да отидеш на јога час каде што имаш асани, техники за дишење и концентрација, медитација и да видиш што тебе ти годи најмногу. 

sergej-georgiev-joga-meditacija

Како техниките за дишење ти помагаат?

Кога телото е длабоко опуштено – дишеш правилно. На пример, кога си во длабоко спиење, немаш сонови, емоции, мисли и тогаш телото е комплетно опуштено и дишеш правилно. Во текот на денот си постојано изложен на стресни ситуации кои ти прават контракции на одредени мускули како абдомен и грб, тогаш ти се стега дијафрагмата и белите дробови и дишењето не ти е правилно.

Правилно дишење не е исто со техники за дишење како на пример вдишување 4 секунди, задржување на здивот од 8 секунди и издишување од 8 секунди.

При техниките за дишење, вдишувањето и издишувањето низ лева и десна ноздра се поврзува левата и десната хемисфера на мозокот и функционирање на левиот и десниот дел на телото. 🧠 Така се прави енергетски баланс на телото. 

Овие техники за дишење можат многу да помогнат да го смириш брзиот и динамичен ум. Нема да ти ги прекинат мислите, но телото ќе се смири толку многу што многу лесно ќе влезеш во медитативна состојба.

Ако знаеш како добро да го контролираш дишењето, можеш да контролираш некои аспекти на нервниот систем за кои порано науката сметала дека се автоматски и не можат да бидат свесно контролирани (како на пример нервот вагус, најдолгиот нерв во човековото тело). 

sergej-georgiev-joga-meditacija

Медитацијата значи да се помириш со нештата такви какви што се (мирнодушност). 😇

Најголемиот непријател на оваа состојба е менталниот напор. Во медитативните техники најчесто се фокусираме на едно нешто и затоа на многу луѓе им е досадно, почнуваат да им се појавуваат одредени емоции, негативни мисли и слично. Кога ќе се смириме, на површина излегуваат натрупаните мисли и чувства. Токму тоа прави луѓето да престанат да медитираат.

Затоа, најдобрата техника за ова е наместо размислување во текот на медитацијата, едноставно да ги набљудуваш емоциите и мислите што излегуваат на површина. Не треба да се фокусираш да имаш само позитивни мисли и емоции, едноставно дозволи да излезат на површина и да ти дадат подобар увид за тебе како личност и карактер.

Погледнете ја целата епизода на WELLCAST with Josif: ⬇️

 

FitKit logo

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и како платформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови.

Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV.

Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.