ФитКит Херој на Неделата: Михајло Ристовски

Михајло Ристовски
mihajlo-fitkitheroj

Професионален пливач и учесник на Олимписките игри во Пекинг во 2008-та година, повеќе од 15 години го држи рекордот на Охридскиот маратон во пливање и е прогласен за најдобар спортист во градот Струга. 🏊‍♀️

Ова се само мал дел од успесите со кои што може да се пофали 38-годишниот Михајло Ристовски од Струга, нашиот ФитКит херој на неделата. 💪

Првиот тренинг преку ФитКит апликацијата го закажал пред 3 години во Play Fit Move, кај тренерот Ѓорѓи Спасов. Лојалноста кон студиото на Play Fit Move ја има и денес.

Од тогаш, си закажува тренинзи преку ФитКит апликацијата по неколку пати неделно. Љубител е на тренинзи каде што фокусот е ставен на кардио. Затоа, на неговата листа за вежбање ќе најдеш Кросфит и HIIT тренинзи. 🏋️

Токму и редовната физичка активност му помогна да биде во топ форма во овие бурни времиња.

Moите навики за вежбање воопшто не се променија со пандемијата. И сега вежбам исто како и претходно, само што внимавам повеќе на хигиената, избегнувам гужви и доколку ми дозволуваат околностите држам поголема дистанца во сала. 😷

Како вработен во компанијата Livedooh Signkick, Mихајло вели дека физичката активност му помага да биде попродуктивен на работното место и да ги зголеми своите перформанси.

А еве што им препорачува на неговите колеги што ги мрзи да вежбаат:

Една реченица ме води во животот, кога е во прашање здравото живеење: ВО ЗДРАВО ТЕЛО, ЗДРАВ ДУХ! 🙏 Преку оваa мото, пробувам да им објаснам на моите колеги и пријатели дека за да имаме здраво тело мора да бидеме, колку што можеме повеќе активни.

Има денови и кога го мрзи да стане од кревет и да го фати патот кон салата, но еве како се мотивира сепак да го стори тоа: 

Најчесто пуштам гласна мотивирачка музика за вежбање, па после некоја минутка, веќе сум на нозе со ранецот спремен за на тренинг. 😎

Иако Михајло има повеќе идоли на кои им се восхитува како Френк Медрано, Мајкл Васкез и Адам Фратер, сепак негова најголема инспирација е 11-годишната Мила, неговата ќерка која оди по неговите стапки, но во друг спорт (ракомет).  👧

За да дознаеш повеќе за Михајло:

📸 Пиши му на Инстаграм: @miajle

👍 Додај го за пријател на Фејсбук: Mihajlo Ristovski

🎯 Конектирај се на LinkedIn: Mihajlo Ristovski

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и како платформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови.

Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV.Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.