Бидете креатори на сопствениот животен баланс

Ако некогаш си доживеал прегорување од работа, веројатно си свесен дека чувството на презаситеност што си го искусил, не било баш сјајно. Голем дел од професионалците сметаат дека колку повеќе работат, толку повеќе ќе заработуваат и само на тој начин ќе можат да уживаат во благодетите на животот. Сепак, реалноста е малку поинаква.

Прекумерното работење, акумулира стрес во телото кој со текот на времето станува хроничен, за на крај во најмала рака да резултира во депресија или висок крвен притисок.

Зошто да дојде до тоа?

Ричард Бренсон е позитивен пример дека најуспешните бизнисмени не се оние што работат 24/7, туку оние што и покрај сите работни обврски, наоѓаат време за себе и своите најблиски. Тој постојано ги мотивира своите вработени во Virgin групацијата да го следат неговиот пример.

За среќа, и во нашава држава, се поголем дел од компаниите стануваат свесни дека грижата за нивните вработени и по работното време, резултира за нивна поголема продуктивност. Затоа, се вложува во екстра привилегии за нивните вработени како ваучери за вежбање, бесплатно користење на базен, месечни спа третмани и слично.

Додека свеста на професионалците од човечки ресурси полека расте и компанијата има можност да понуди дополнителни бенифити, биди креатор на својот животен баланс и земи ја иницијативата во свои раце.

Еве неколку предлози како може да го постигнеш тоа:

Јога

Сите ние понекогаш се чувствуваме како животот премногу бргу лета пред нашите очи. Годините поминуваат, а ти се чини како се уште да не си го пронашол своето место под сонцето? Потради брзиот и стресен живот, потребна ти е активност што ќе те смири, ќе те релаксира и ќе те врати на вистинскиот пат.

Добра идеја за смирување на твоите мисли е јогата. Во јогата, меѓу другото, се работи на балансот. Но, не само на балансот во позите, туку и општо, во животот. Јогата не’ учи на дисциплина, напор, истрајност, посветеност, релаксираност.

Медицинските истражувања покажуваат дека само 25 минути јога ќе ти ја кренат енергијата, ќе ти ја подобри меморијата, фокусот и ќе го подобри расположенитето.

Поради позитивните промени што ги дожувуваат јога практикантите, се повеќе расте интересот за оваа дисциплина и кај нас.

FitKit апликацијата ти овозможува со само неколку клика да ги почувствуваш продбивките од јогата на повеќе од 30 локации ширум државата. Пробајте, сигурни сме дека ќе ви се допадне. 🙂

Вежбајте

Најлесно е да му откажеш на другар ти вежбање во теретана бидејќи те мрзи да станеш од кауч. Можеби звучи контрадикторно, ама колку повеќе вежбаш, толку повеќе енергија ќе имаш. Не веруваш? Те предизвикуваме да пробаш!

Одличен начин да се осигуриш дека си ментално здрав е доколку и твоето физичко битие го чувствува истото. Здраво тело значи и освежен ум кој подобро функционира на рабоното место и поефективно ги завршува задачите. Ова можеш да го постигнеш преку редовно вежбање во комбинација со правилна исхрана.

Животен стил што изобилува со стрес и минимална физичка активност може само да придонесе за висок крвен притисок и срцеви болести. Едноставно не вреди кога на располагање имаш лепеза од различни дисциплини за вежбање во кои секој би можел да се пронајде: Фитнес, Пилатес, Аеробик, Кардио итн.

Време за најблиските

Секоја компанија тежнее кон вработени што напорно ќе работат и ќе бидат продуктивни. Понесени од тоа, сакајќи да се докажеш пред шефот и да го добиеш посакуваното покачување, остануваш уште неколку часа дополнително на работното место. Ти сметаш дека си продуктивен и дека придонесуваш многу за бизнисот, сепак, голема е веројатноста дека квалитетот на твојата работа е веројатно полош и си далеку од продуктивен.

Послушај ги истражувањата што велат дека луѓето што внимаваат да го балансираат своето работно време со обврските надвор од работа се до три пати повеќе продуктивни.

Дополнително, како јаготка на шлагот, луѓето што поминуваат по најмалку три до четири часа во квалитетно дружење со своите најблиски, живеат 7 години подолго. Без разлика дали станува збор за твоето семејството, братучедите, пријателите па дури и милениците, стреми се барем 3 часа на ден да бидеш со луѓе што безрезервно те поддржуваат и мотивираат да бидеш подобрата верзија на себеси.

Време за себе

Чувствувате дека се би дале за една добра спортска масажа после напорен ден? Или, пак, би сакале целиот стрест да го исфрлите во базен или практикувајќи ја вашата омилена боречка вештини? Само една одлука те дели од ваквите задоволства.

Кога имаме проблеми, најлесно е да бегаме од нив затрупувајќи се во многу работа. Тоа не е решението. Одвојување квалитетно време за себе ќе ти даде повеќе енергија и целосно ќе те освежи, правејќи те спремен за сите предизвици што ќе ти ги сервира денот.

Време во природa

Велат дека едно од најубавите спортски рекреакции е планинарењето. Свежиот воздух ти продира во белите дробови, се чувствуваш препородено и подготвено да го освоиш врвот.

Сепак, добра пракса е доколку веќе се одлучиш искачуваш планини, да поминеш барем некој месец во вежбање за да бидеш сигурен дека твоите мускули и кондиција нема да те изневерат на пола пат до врвот.

Приоритети

Не можете да кренете глава од навалицата на домашни и работни обврски што треба да ги завршиш? Без паника. Постави си приоритети.

Најпродуктивните луѓе (помеѓу кои и Ричард Бренсон) ја користат оваа шема за вметнување на обврските во 4 категории.

  1. Итно и важно
  2. Важно, ама не и итно
  3. Итно, ама неважно
  4. Ниту важно, ниту итно

Овој шематски приказ многу ќе ти помогне да не талкаш од обврска на обврска и да се фокусираш на она што е најважно. Небото нема да се сруши ако немаш време да го гледате фудблскиот натпревар помеѓу Манчестер Ј. и Барселона, нели?

За крај, запомнете дека одржувањето на балансот помеѓу работата и животот не бара изговори, бара дисциплина и волја!

Биди својот сопствен пилот!

Еве како да почнеш:

Симни ја ФитКит апликацијата достапна на PlayStore и AppStore и закажи си тренинг на место и време што најдобро ќе се вклопат во твојот распоред.