Минатата година имаше премногу обврски редовно да вежбаш, но оваа година си вети дека ќе посветиш по неколку часа неделно во теретана. Колку често се залажуваме вака?
Секогаш е полесно да престанеш да вежбаш отколку повторно да се вратиш во акција, особено по долга пауза. Можеби си оздравувал по некоја повреда или само што си се вратил од подолг престој во друга држава, или пак, едноставно си имал многу проекти што треба да се завршат до крајот на годината и не си имал време да вежбаш. Која и да е причината, еве неколку совети, како по подолга пауза повторно да се вратиш на твојата омилена физичка активност.
Не очекувај да ја имаш истата кондиција како порано
Без разлика дали си бил најеластичен во твојот јога час, си ги знаел сите кореографии на часот по зумба или пак си правел најмногу склекови од сите вежбачи во теретаната, не можеш да очекуваш дека ситуацијата ќе остане истата. Невозможно е и да се надеваш дека за една или две недели ќе се вратиш во иста форма како претходно.
Добрата вест е декa доколку си вежбал претходно, телото побрзо ќе ги постигне резултатите што си ги имал пред да ја направиш паузата. Ова уште се нарекува и “меморија на мускулот”.
Биди трпелив кон твоето тело
Нормално е да бидеш фрустриран што повеќе не ти се познават стомачните, не можеш да ја подигаш истата килажа, или пак, си ја заборавил кореографијата на твојот омилен танц.
Фокусирај се на силата и енергијата што ги имаш во моментот, остани доследен на распоредот на тренинзи што си ги закажал и ти ветуваме дека за месец, два, повторно ќе се вратиш во игра. Не заборавај да се наградиш себеси за постигнатиот резултат. 🙂
Не форсирај се премногу на почетокот
Агресивно вежбање по долга пауза само може да ти го зголеми ризикот од повреда или истегнување на некој мускул. А доколку се повредиш, тоа значи и дека повторно ќе треба да правиш пауза од вежбање. Зошто да дојде до тоа? Голема грешка е да почнеш да вежбаш со истиот интензитет како порано. Наместо тоа, почни со полесни вежби и полека засилувај го темпото.
Ако ти треба помош, можеш да ангажираш личен тренер, опција достапна во голем дел од студијата и фитнес центрите.
Внимателно со воспалувањето на мускулите!
За разлика од популарното верување, воспаление на мускулите не е показател дали си вежбал доволно или не. Тоа најчесто е последица од воведување на нова вежба или недостаток на кондиција.
Добрата вест е дека воспалувaњето на мускулот нема да трае долго. Кога повторно ќе влезеш во фитнес рутината, оваа болка ќе исчезне.
ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, во над 150 локации во земјава.
Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.
Симни ја, закажи си термин, посети некоја од нашите локации и пиши ни како си поминал/а. 🙂