Елена Бубало и Атанас Михајловски

Некои ги знаете како фитнес-инструктори, кросфит тренери, некои како личен тренер, некои по спортските настани што ги организираат. Но, како и да е овој пар е вистинска инспирација за спорт и активен живот.

Упорни, мотивирани, и секојдневно посветени на тренинзите и своето семејство кое сега брои 4 членови :).

Со поддршката од Елена или Атанас ќе добиеш тренинзи кои што ќе го активираат целото тело. Се работи за функционални тренинзи и пристап кој што ќе ти донесе долгорочни придобивки во квалитетот на живеење, а не само убаво тело за покажување. Програмите и менторството вклучуваат и совети за правилна исхрана и како да се биде во континуитет со здрави навики.

Процесот е следен:

  1. Соберете се минимум 5 луѓе, или пријави се па ние ќе ти најдеме група.
  2. Пријавете се овде и кажете кое време најмногу ви одговара.
  3. За повеќе прашања пиши ни на info@fitkit.app или искомуницирај не на нашите профили на Instagram или Facebook.

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и во online вежбалните низ целата држава.

Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore