Ели од Битола: Клиентите ми се најголемата мотивацијата за да го дадам својот максимум!

ФитКит инспирација: Елисавета Димовска од Битола

ФитКит инспирација: Елисавета Димовска од Битола

Ако си од Битола и си љубител на здравиот и активен живот, сигурно си слушнал за Елисавета Димовска (Ели), нашата ФитКит инспирација на неделата. 👋

Ели работи како нутриционист и тренер во спортски центар „О2 Универзал” во Битола.

Кросфитот е нејзината омилена дисциплина, бидејќи секој тренинг е нов предизвик каде се запознаваш и градиш себеси во посилна и подобра верзија. 💪

Прв пат дознав за кросфитот, гледајќи ја Annie Thorisdottir во 2012 година (fittest woman on earth 2011, 2012). Пред тоа, немав никаква позадина со спорт, ниту некаква основа, но добив инспирација да започнам да тренирам. Моментално она што ме инспирира и мотивира е сопствениот напредок, како и напредокот на моите клиенти.

Еве со која фитнес рутина и вежби Ели креира посилна и подобра верзија на себеси:

Тренирам 5–6 пати неделно, заедно со X-fit екипата. Тренирам околу 2 часа дневно. Бидејќи и работам во сала, таму сум скоро цел ден. Имам неколку омилени вежби: Snatch, Pull ups, Deadlift (се освен Thruster). 😂 Мотивација наоѓам во секој најмал напредок, во секој успешен тренинг и во секоја насмевка на луѓето кои тренираат со мене.

Колку ѝ е комотна и ,,погодена’’ облеката за тренинг ѝ го диктира цел тренинг. Има и комбинации за денови кога не се чувствува расположено за тренинг. 😝

ФитКит инспирација: Елисавета Димовска од Битола

Таа е еден од тренерите кои што умешно се справија со затворањето на фитнес центрите. 😷 Нејзината најголема мотивација и поддршка — лојалните клиенти кои брзо се адаптираа на ситуацијата.

Во периодот кога фитнес центрите се затворија, мојата тренинг и работна рутина целосно се промени. После неколку дена од затварањето, организирав онлajn тренинзи и тренирав секој ден од дома заедно со моите клиенти. Тренинзите беа импровизација на она што го трениравме во сала, структурирани така да се задржи високиот интензитет за време на тренинг, a со цел да се одржи што е можно повеќе од резултатот кој го имавме претходно. Мотивација ми беа моите клиенти, знаев дека мора да сум мотивирана и да им го овозможам најдобриот можен тренинг со условите кои ги имавме. Знаев дека секој ден, 7 дена, во 19 часот мора да се појавам за нив и да го дадам мојот максимум. Тие беа и се моја мотивација, секогаш. 🙌

Според Ели, онлајн тренинзите се можеби најдобро решение за да се остане фит во оваа состојба. Тие ѝ помогнаа да остане мотивирана, да си постави цели и да помогне и на оние кои тренираат со неа да ги остварат своите цели и да останат мотивирани.

ФитКит апликацијата ѝ овозможи да работи со клиенти и надвор од Битола. 👌

Луѓето главно континуитет губат поради погрешни очекувања и цели, поставување погрешна негативна слика за себе и сопствено тело. Очекуваат секој ден da се мотивирани за тренинг и дека секој тренинг ќе е успешен. Треба да се спремни дека ќе имаат лоши и добри тренинзи, дека за резултати е потребно и да имаат лош тренинг (да не ги бива за нешто и да не завршат се по план и совршено). Дисциплината сметам дека до некаде се гради и е најчесто дел од карактерот на секоја индивидуа, па така и спортот открива каков карактер сте и колку сте дисциплинирани.

ФитКит инспирација: Елисавета Димовска од Битола

Исхраната е нејзин извор на енергија за да може да тренира и да гради сила. Затоа, како веган, практикува богата исхрана со витамини и минерали, вегански протеин, а од амино-киселини користи креатин и бета-аланин.

Макронутриентите ми се прилагодени секогаш во зависност од моите цели и сум веган од 2016 година. Никогаш не би го исфрлила компирот од исхраната. Секогаш наоѓам начин да го вклопам во предвидените макронутриенти. Губам контрола со кикирики. 😆 Но не сметам дека нешто мора да се исфрли, се може да се вклопи при планирање на исхрана.

По вежбање, најчесто гледа crime документарци или crime серии, а викендите сака да ги поминува на планина со нејзините кучиња Мина и Пеги.

Ако сакаш да добиеш супер корисен совет за вежбање, исхрана, или инспирација за тренинг, заследи ја Елисавета на Инста @elisavetadimovska.👈

Човечкото тело е создадено да се движи и да е активно. Најдете рутина која одговара на вас, истражете и побарајте помош и насока. Сите сме биле почетници некогаш. Поставете си реални цели и направете план кој ви дозволува прогресивно да напредувате!

P.S. Guess what? She is free and happy! 😜


FitKit logo

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и во online вежбалните низ целата држава.

Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.