И кожата има бенефити од твоето вежбање

Сите знаеме дека вежбањето има безброј бенефити па истото се случува и со нашата кожа — најголемиот орган на телото. Еве кои се клучните придобивки.

Потете се

Кога вежбаме ни се зголемува дотокот на крв до живите слоеви на кожата. Со отворањето на потните жлезди се исфрлаат и дел од материите што ги затнуваат порите. Меѓутоа, по вежбање е важно да се практикува добра хигиена. Задолжително треба да ги измиеме нечистотиите што е можно побрзо за да не ризикуваме да дојде до повторно затнување на порите.

Дајте им тонус на мускулите

Кога имаме тонирано тело, имаме и поголем тонус на кожата. А колку се мускулите со поголем тонус, толку помладо и поздраво изгледаме од глава до пети. Ако носите некаков вид облека за да има телото подобри контури, точно знаете за што зборувам.

Блеснете

Ако сакате кожата да ви изгледа прекрасно, време e да почнете да вежбате. Неспорно е дека кожата по вежбање веднаш добив здрав изглед и сјај. Се прашувате како? Кога срцето почнува да испумпува крв, живите слоеви на кожата добиваат крв снабдена со кислород и хранливи материи. Во тој процес се подобрува циркулацијата и тоа помага целата кожа да добие сјај. Потоа почнуваат да се создаваат повеќе природни масла, што помагаат кожата да изгледа здраво и да блесне.

Избегнувајте стрес

Ако сакате да си го разбистрите умот за да ви се исчистат мислите и кожата да ви изгледа прекрасно, одете на кардио тренинг, на час по аеробик или на пливање. Вежбањето е одлично за намалување на стресот, а ако го намалите стресот тоа ќе се рефлектира и на кожата. Кога сте под стрес, кожата никогаш не изгледа убаво. Најдете вежби во кои ќе уживате и тоа ќе ви помогне да го намалите стресот.

Вежбањето има позитивни ефекти врз кожата, но има и работи на кои треба да внимавате:

  • Ако вежбате надвор, пред да почнете со вежбање не заборавајте да нанесете SPF за да ја заштитите кожата од штетните зраци на сонцето.
  • Кожата нека ви биде што е можно попокриена, како се намалува температурата надвор и ризиците од оштетување на кожата под влијание на студ и ветар се зголемуваат така што би препорачал да тоа го правите во затворено.
  • Во зависност од типот вежби што ги правите, внимавајте кожата да не ви се трие. Тесна облека за вежбање во комбинација со потење може да предизвика иритирање на кожата. И заборавете на кеси и појаси кои што мислите дека ќе ви помогнат да стопите повеќе. Избегнувајте премногу тесна облека и користете хидрантно млеко или пудра на деловите што најмногу се склони на иритација.
  • Ако изберете пливање, истуширајте се веднаш по пливањето. Базените со хлор и солената вода може да ги дехидрираат кожата и косата.

Ако ти се допадна ова што го читаше ќе ни значи да стиснеш на аплаузот 👏 и можеби да ја препорачаш статијава некому на кого му е потребна.