Ако си финтес ентузијаст, сигурно барем еднаш си пробал/а функционален тренинг или барем ти поминала низ глава идејата да видиш што точно се случува на овие тренинзи. 😁 Заедно со Антониа од Fitness Land ти припремивме неколку основни вежби кои може да ги пробаш дома, пред да се одлучиш да ја практикуваш овaа дисциплина.
Можеби ти се чини дека функционалниот тренинг е нова дисциплина која што допрва зема замав во фитнес идустријата. Сепак, тоа не е баш точно. Ова е една постара активност која што своите почетоци ги добива од физичката рехабилитација.
Функционалниот тренинг го измислиле физикалните терапевти. Тие смислиле низа на специфични вежби за да им помогнат на пациентите подобро да закрепнат после повреда и да си ја вратат функцијата на телото за извршување на секојдневните активности. Фитнес професионалците ја увиделе важноста на дисциплината и си ја присвоиле. 😇
Како што кажува и самото име, фунционалните тренинзи се еден од најдобрите начини да си ја подобриш твојата способност за извршување на секојдневните активности.
Ова е најкомплетниот начин на тренирање кој ги комбинира сите елементи — сила, кондиција, експлозивност, брзина и издржливост.
Станува збор за тренинзи кои овозможуваат да активираш повеќе групи мускули истовремено, со јакнење на најслабите делови на телото — стомакот и долниот дел на грбот.
Тренинзите се состојат од вежби со скокови и доскокнувања, вежби со брза промена на насока, мртвото подигање, склекови, вежби со пренесување товар и користење на реквизити како големи тракториски и камионски гуми, масивни синџири, олимписки шипки, јажиња, ланци, руско ѕвонче, итн.
Ако си спортист, тренингот може да биде насочен да ти ја подобри твојата фунционална способност во различни аспекти, да ти ги зацврсти мускулите и да ги подготви органите за спортски активности. 🏃🏻
Ако си рекреативец, фунционалниот тренинг ќе ти го подготви системот за движење за секојдневните активности на кои ќе бидеш изложен. Истовремено, ќе изгубиш килограми, ќе ги затегнеш мускулите и ќе се чувствуваш многу подобро. 💪
Има 2 вида на фунционални тренинзи:
➡️ Функционален тренинг со висок интензитет — програмата дизајнирана да промовира подобра физичка подготвеност во различни ситуации преку интензивни вежби за кардио, издржливост и сила.
➡️ Функционален тренинг со низок интензитет — програма со понизок интензитет за да им се помогне на постарите лица да го одржуваат својот животен стил и активности и да закрепнат од повредите.
Без разлика дали си спортист или рекреативец, еве неколку причини зошто треба да му дадеш шанса на фунционалниот тренинг:
✅ Ќе го намалиш ризикот од многу повреди при движење, седење и стоење;
✅ Ќе ја подобриш силата, агилноста, интермускулната координација и издржливоста;
✅ Ќе ја зголемиш толеранцијата на стрес и ќе ти овозможи поинтензивно, подолго да работиш (или да тренираш) и да бидеш генерално посилен/на.
Дали функционален тренинг за фитнес за секого?
Фунционалниот тренинг е одлична активност без разлика на возраста. Важно е сам да си процениш дали е ова тренинг за тебе за да не префорсираш и да се откажеш уште по првиот тренинг. 🙏
Сепак, како и за секоја интензивна фитнес дисциплина, пред да започнеш со тренинзите, консултирај се со твојот доктор и со тренерот за медицински проблеми што можат да ти влијаат на способноста за безбедно вежбање и да те изложат на ризик од повреда.
Сметаш дека си спремен за овој предизвик? 👇
Како да започнеш со фунционален тренинг?
ФитКит има широка лепеза на фунционални тренинзи од врвни инструктори.
Програмите се внимателно дизајнирани и прилагодени за постигнување на максимален ефект преку безбедни вежби под надзор на стручно лице. Тие вклучуваат различни вежби за флексибилност, сила, рамнотежа, координација, моќ и издржливост.
Без разлика дали се стремиш кон подобра умствена и физичка кондиција или подобри атлетски перформанси, ти треба помош за спречување повреди во спортот и секојдневниот живот, функционалниот тренинг може да биде твојата нова омилена дисциплина.
Дај му шанса! 😎
ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и во online вежбалните низ целата држава.