Лејла Рамковска — личен тренер кај тебе дома

Практикување на јога кај Лејла е присутно веќе 5 години и секогаш несебично раскажува дека јогата и го сменил животот. Вели дека благодарение на оваа дисциплина открила во себе потенцијал, сила, трпение и љубов во огромна мера за кои порано не била свесна дека ги поседува. Има две деца и на нејзини 35 години и не била никогаш поздрава и пофит. Почнала со јога поради големи болки на грбот и вратот, па дури и вртоглавици. Почнала со наједноставни јога движења и пози и тоа баш од дома со часови од YouTube. Денес може да ти понуди нешто што она на своите почетоци го немала, а тоа е цела програма на часови по ваши потреби.

Почни со јога на најефективен начин преку приватни часови. Стекни знаење и цврста база кои ќе те спремат понатаму за многу полесно пратење на часовите по динамична јога, каде се дава голем акцент на инверзии и баланси на раце. Ќе научиш како правилно да дишеш и при најтешки пози, каде и како да го насочиш вниманието. Часот ќе трае 60 минуту плус 10 минути разговор со прашања и консултации.

Процесот е следен:

  1. Соберете се минимум 5 луѓе, или пријави се па ние ќе ти најдеме група.
  2. Пријавете се овде и кажете кое време најмногу ви одговара.
  3. За повеќе прашања пиши ни на info@fitkit.app или искомуницирај не на нашите профили на Instagram или Facebook.

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и во online вежбалните низ целата држава.

Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore