Мартин од Битола: Колку повеќе сум задоволен со постигнатите резулати, толку повеќе сакам да вежбам!

Мартин Здравковски од Битола — ФитКит инспирација

ФитКит инспирација: Мартин Здравковски од Битола

Запознајте го Мартин Здравковски од Битола, нашата ФитКит инспирација на неделата и човекот кој пасијата кон фудбалот успешно ја пренасочи кон вежбањето фитнес. 👏

Со фудбал почнав од мали нозе, тренирав професионално до 14 години но поради проблеми со срцето прекинав и по 2 години без никакви спортстки активности почнав да вежбам дома (склекови,вратило,стомачни) се додека не почнав во теретана на 16 години па се до денес.

Мартин ќе го најдеш најчесто во Xtreme Fitness во Битола, а еве како изгледа неговата неделна фитнес рутина:

Тренирам од 5 до 6 дена неделно. Секој ден станувам во 05:00 часот, се спремам и во 06:00 одам на тренинг. Имам 5 до 10 минути загревање, па потоа активен тренинг некаде од 40 до 60 минути и на крај истегнување 5 до 10 минути. Доколку ги вежбам стомачните мускули на крај од тренингот или пак правам кратко кардио, тренингот ми трае 70 до 80 минути. Потоа се туширам и одам на работа. Јас одам на вежбање за да се опуштам затоа што по два часа почнуваат обврските на работа. 😂

Мотивацијата за вежбање на Мартин?

ЈАС! Можеби звучи егоистички но секогаш сум гладен за резултат, успех, напредок и добар изглед. Колку повеќе сум задоволен со резулатите што сум ги постигнал толку повеќе сакам да вежбам.💪 Моја фитнес цел е фит тело и да го одржувам барем до 80 години. Мојот идол е the one and only The ROCK! Поради тоа што многу напорно работи, вежба и прави се’ за неговите фанови.

Мартин Здравковски од Битола — ФитКит инспирација

Во лето се фокусира на кардио (возење точак и трчање надвор во природа), а во зима прави кардио во теретана, но не со толкав интензитет како во лето. Сепак, во текот на цела година максимално се труди да ги ротира вежбите и програмите.

Не почнува со тренинг без појас за кичма и појаси за зглобовите на рацете. А од суплементи користи амино киселини и протеин.

70% од резултатите доаѓаат од исхраната, така да исхраната ми е доста важна. Пробав да бидам вегетаријанец — ми успеа. Да пробам да бидам веган — ќе успеам, ама уште не сум одлучен на тој потег. Така да, можам многу работи да исфрлам од јадењето и можам да се воздржам од многу работи. 🙌

Сепак, Мартин признава дека кризата со Ковид-19 многу му го променила начинот на исхрана и навиките за вежбање.

Иако немал баш мотивација да вежба во домашни услови, Мартин си нашол свој начин како да биде физички активен и по дома:

Користев своерачно изработени реквизити за склекови, тркало за стомачни и јаже за скокови. Правев склекови, стомачни, чучњеви, исчекор. Треба да се вежба редовно како и претходно, да се прават добри тренинзи во домашни услови или природа и секако да се внимава на исхраната повеќе, бидејќи сите седиме дома и имаме поголем наклон кон лошата храна.

Сепак Мартин прогнозира — онлајн вежбањето може да стане новиот фитнес тренд бидејќи немаат сите можност да вежбаат лично со омилениот фитнес тренер, а на овој начин ќе можат. 👌

Мартин Здравковски од Битола — ФитКит инспирација

Кога максимално не се посветува на вежбањето фитнес, Мартин ужива да игра и гледа фудбал со друштвото, да чита книги, изработува креации од дрва и секако — да шета. 😎

Ако ти се допадна приказната на Мартин, следи го на овој Инста профил (@martinzdravkovski) каде што ќе можеш да видиш слики од неговите лудории со најблиските и прошетките во природа.

P.S. Back off ladies, he is taken. 🥰


ФитКит лого

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и во online вежбалните низ целата држава.

Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.