Рената Младеновска — личен тренер кај тебе дома

Со физичка активност започна затоа што посака некоја промена на телото, и како и кај сите луѓе целта нејзина на почетокот беше да се обликува телото. Со текот на времето кога ги почувствувала бенефитите и колку физичката активност позитивно влијае врз сите аспекти на животот едноставно не можела да не го вклучи во своето секојдневие.

Рената ни кажа дека со редовно вежбање по еден или два месеци мускулните влакна започнуваат да растат со што твоите мускули се посилни и поцврсти. Од овој период започнуваат и видливи промени на твоето тело. Во исто време твоето срце станува многу посилно од претходно, што значи намалени шанси на здравствени проблеми. И секако доаѓа до зголемена коскена густина, зголемена мобилност на зглобовите и поголема еластичност.

Тренинзите со Рената се функционални, динамични и траат 60 минути. Во ова време ќе бидат опфатени сите мускулни групи, а секој час ќе биде даден фокус на одреден дел од телото.

На крајот од часот откако убаво ќе се испотиш и ќе ги исфрлиш токсините од себе и целата негативна енергија ќе добиеш убаво истегнување. На тренизите може да бидат вклучени додатни реквизити, тегови и ластици, но не се задолжителни.

Процесот е следен:

  1. Соберете се минимум 5 луѓе, или пријави се па ние ќе ти најдеме група.
  2. Пријавете се овде и кажете кое време најмногу ви одговара.
  3. За повеќе прашања пиши ни на info@fitkit.app или искомуницирај не на нашите профили на Instagram или Facebook.

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и во online вежбалните низ целата држава.

Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore