Во потрага си по креативни начини како да си го зголемиш бројот на вежбачи? 🚀
Сметаш дека имаш многу што да им понудиш на твоите клиенти, но некако не знаеш како ефективно да си го организираш времето и енергијата што ја вложуваш за секој нов тренинг?
Ја креиравме MyFitKit за да ти помогнеме да им го пружиш на твоите клиенти искуството што го заслужуваат и да го прошириш добриот глас за себе како фитнес инструктор. 🙌
Во продолжение ќе прочиташ за 5 начини како MyFitKit апликацијата може да ти помогне да си ја зголемиш базата на клиенти.
Начин #1 Интерактивни онлајн курсеви
Ако отсекогаш си сакал/а да подготвиш онлајн курс за твоите вежбачи, но не си знаел/а од каде да почнеш, MyFitKit апликацијата навистина ќе ти го олесни процесот.
Подготовката на курсот е многу едноставна, а вредноста што ќе ја понудиш преку предавањата ќе с прошири низ фитнес заедницата со брзина на светлината. ⚡
Освен класичен тренинг, вежбачите очекуваат многу повеќе од фитнес тренерите како на пример едукацијата што нема да биде еднонасочна и монотона, туку интерактивна и динамична.
Подготовката на вакви интерактивни онлајн курсеви позитивно ќе влијае и врз одлуката на идните вежбачи што сè уште се двоумат кој/а да изберат како тренер. 💯
Со MyFitKit, само неколку клика, можеш да сетираш цел онлајн курс од почеток до крај, додавајќи ги материјалите што ти се потребни за темата.
⬇️ Го креиравме овој комплетен водич за повеќе детали за тоа како се сетира онлајн курс преку MyFitKit:
https://fitkit.app/uncategorized/kompleten-vodic-za-koristenje-na-myfitkit/
Начин #2 Побрза подготовка на план за вежбање
Склопувањето план за вежбање за секој клиент поединечно веќе не мора да биде монотона активност што ти ја црпи енергијата, особено ако треба со часови да истражуваш и да склопуваш различни комбинации на вежби. 😪
MyFitKit ти ја поедноставува работата со колекција од над 2000 вежби од коишто можеш да бираш. За помалку од 60 секунди, можеш да креираш персонализиран тренинг што целосно ќе одговара на индивидуалните потреби на твоите клиенти. ⏱️
Колку побрзо ги подготвуваш твоите тренинзи, толку повеќе слободно време ќе имаш на располагање за да им се посветиш на твоите клиенти, но и да стекнуваш нови.
Доброто искуство што го имаат твоите вежбачи по квалитетно склопен план за вежбање, нема да остане незабележано. 😉
Начин #3 Побрза подготовка на план за исхрана
Колку пати досега си сакал/а со магично стапче да го забрзаш процесот на креирање план за исхрана?
Најлесно е да им поделиш еден исти план за исхрана на секој од твоите клиенти, но тоа не е одлика на вистинските професионалци. ❌
Истражувањето и комбинирањето прехранбени производи според потребите на клиентот не мора да биде повеќе макотрпна работа.
MyFitKit ти го олеснува процесот со широката палета од над 4000 прехранбени производи и состојки од коишто можеш да избереш за да подготвиш детален план за исхрана. 😋🥑
Финтес заедницата често умее по социјалните медиуми да ги споделува позитивните искуства (но и негативните искуства) од своите фитнес тренери.
Брзата, но квалитетна подготовка на планови за исхрана е нешто по коешто вреди да си познат/а. 😎
Начин #4 Поедноставно менаџирање клиенти
Без разлика дали имаш 3ца или 33ца клиенти, правењето комбинации на клиенти или групи вежбачи знае да црпи многу енергија и време. ⏱
Времето што ќе го потрошиш на различни комбинации на клиенти, распореди и тренинзи, не се враќа назад.
MyFitKit апликацијата има едноставен CRM систем со кој, на едноставен, но ефективен начин ќе имаш увид и можност да ги менаџираш твоите индивидуални клиенти или групи на вежбачи.
Со само неколку клика, можеш да правиш безброј комбинации на клиенти со слични фитнес цели, а остатокот од времето да го посветиш на вистинските приоритети – квалитетно подготвени тренинзи со тековните вежбачи и барање нови клиенти. 🎯
Начин #5 Подобро искуство за клиентите со детален извештај за нивниот напредок
Дали ти е тешко да го запаметиш прогресот на секој од твоите вежбачи?
Ги запишуваш метриките за прогрес на лист хартија или како белешка во телефон, а потоа не можеш да се снајдеш која белешка одговара за кој клиент? 😳
Со MyFitKit апликацијата, на едно место можеш да следиш 18+ метрики за прогрес или да додадеш и свои метрики, по желба.
Клиентите ќе бидат восхитени од начинот на кој може да го следат својот прогрес во живо преку голем број на метрики и ќе те наградат за тоа – препорачувајќи те на нови вежбачи што се во потрага по фитнес тренери кои го обезбедуваат најдоброто искуство за своите вежбачи. 💪
Ако овие 5 начини ти делуваат ветувачки, контактирај нè за да дознаеш како да започнеш да ја користиш MyFitKit уште денес и да си ја зголемиш својата база на клиенти! 📈
MyFitKit е комплетна апликација што со само неколку клика ја олеснува и автоматизира работата на велнес инструкторите, личните тренери, нутриционистите и фитнес студијата.
Апликацијата е достапна на Google Play и App Store.