5 номинации за ФитКит на Ecommerce Awards 2023: Eве како да нè поддржите!

Откако лани го освоивме 2рото место во категоријата Е-продавница за модни додатоци, убавина, здравје и нега на годината на изборот за најдобрите во македонската е-трговија – Ecommerce Awards 2022, оваа година веруваме дека публиката повторно ќе го препознае имапктот што ФитКит го има врз физичкото и менталното здравје на своите корисници. 🥈

Годинава, задоволство ни е да најавиме дека ФитКит е номиниран во дури 5 категории и тоа: 

✅ Е-трговец со најдобра грижа за корисници

✅ Мобилна апликација за е-трговија на годината

✅ Е-продавница за услужни дејности

✅ Е-продавница за убавина, здравје и нега

✅ Најпопуларна е-продавница

Овие награди во организација на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија, се навистина значајни за нас, бидејќи ни служат како доказ дека се движиме во вистинската насока и ни се мотив плус да продолжиме по истиот пат со поголеми брзини! 🚀

Во текот на изминатава година, уште повеќе се посветивме да им помогнеме на нашите корисници да водат здрав и активен начин на живот, олеснувајќи им го пристапот до 300+ места за вежбање и релаксација ширум земјава. 

Годинава, фокусот го насочивме и да им помогнеме на компаниите преку физичка активност да креираат една позитивна работна средина средина, промовирајќи компаниска култура на физичка и ментална благосостојба и превенција на мускулно-скелетни проблеми поврзани со работното место и долгото седење пред компјутер.

Дополнително, ја проширивме листата на лиценцирани психолози што се дел од нашата апликација со цел да им пружиме на корисниците брз и флексибилен начин за да го унапредат своето ментално здравје.

А она на кое што особено сме горди е започнувањето на ФитКит активностите во Атина, Грција со што почна да се остварува една од нашите дологпосакувани цели – интернационализација на апликацијата. 🎯

Токму големиот број на пораки и позитивен фидбек од корисниците ни се доказ дека нашата работа и залагања се забележани, а препознавањето дека носиме вистинска вредност на пазарот и помагаме нечиј живот да стане поквалитетен е вреднувано со се поголемиот број на корисници што се приклучуваат на ФитКит семејството секојдневно.

Затоа, за да ја поддржите нашата мисија, гласајте за нас на ОВОЈ ЛИНК.

Гласањето ќе трае заклучно до 10 февруари, а победниците ќе бидат прогласени на свечениот настан Awards Ceremony што ќе се оддржи во февруари/март 2024 година.

🤞

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и со опција за закажување сесии со лиценциран психолог. 

ФитКит е и плFitKit logoатформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови. Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV. Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore