6 причини зошто треба да го дигитализираш твојот фитнес бизнис уште денес

my-fit-kit

Без разлика дали си нов личен тренер со еден клиент или имаш фитнес студија на повеќе локации низ земјава, сакаш да им го пружиш најдоброто можно искуство на твоите клиенти, нели? 

Свесен/а си дека тоа е многу повеќе од спремање тренинзи и план за исхрана. 🤔

Ова вклучува и креирање персонализирани планови за вежбање според индивидуалните цели, детален нутриционистички план за исхрана, увид во прогресот на клиентите, подготовка на интерактивни онлајн курсеви, менаџирање на поединечни клиенти или групи на вежбачи со слични фитнес цели, итн.

Како да им пружиш на твоите клиенти комплетно искуство што ќе им помогне поефективно да ги постигнат своите цели? 🎯

И како MyFitKit апликацијата може да ти помогне со тоа? ⬇️

6 причини зошто треба да го дигитализираш твојот фитнес бизнис

Ако сè уште не си сигурен/а зошто да ги автоматизираш традиционалните методи што ги користиш, еве 6 причини што ќе те предомислат:

Причина #1: Полесно управување со поединечни клиенти или групи на вежбачи

Правењето комбинации на клиенти или групи вежбачи знае да црпи многу енергија и време. ⏱

MyFitKit апликацијата ти овозможува на едноставен, но ефективен начин да имаш увид во твоите индивидуални клиенти или групи на вежбачи.

На овој начин, со само неколку клика, можеш да правиш безброј комбинации на клиенти со слични фитнес цели.

my-fit-kit

Причина #2: Креирање професионални интерактивни онлајн курсеви

Организирање тренинзи преку Фејсбук, Инстаграм, Zoom или Teams беа одлична алтернатива за вежбање за време на Ковид-19 пандемијата, особено во периодот кога сите фитнес центри беа затворени. 😷

Денес, вежбачите очекуваат многу повеќе од обичен тренинг преку социјалните мрежи. Тие би сакале да бидат дел од професионално креирани онлајн часови и курсеви со зголемено ниво на интеракција. 

MyFitKit апликацијата е специјално дизајнирана за да поддржи интерактивни онлајн часови каде што ти и твоите клиенти може во реално време да споделувате пораки, слики, видеа и линкови во текот на сесиите. 

Дополнително, овие интерактивни обуки можат да ти бидат и дополнителен извор на приход ако им ги понудиш твоите производи и услуги на учесниците. 💰

Причина #3: Брзо склопување на личен план за вежбање

Креирањето личен план за вежбање за секој клиент поединечно често знае да ти ја исцрпи енергијата, особено ако треба со часови да истражуваш и да склопуваш различни комбинации на вежби. 😪

MyFitKit ти ја олеснува работата со колекција од над 2000 вежби од кои што можеш да бираш. 

За помалку од 60 секунди, можеш да креираш тренинг што целосно ќе одговара на индивидуалните потреби на твоите клиенти. ⏱️

my-fit-kit

Причина #4: Следење на напредокот на клиентите

Во фитнес индустријата, пристапот до податоци за напредокот на твојот клиент многу ќе значи за да донесеш побрзи и поефикасни одлуки. 💪

Наместо да се трудиш да го запаметиш прогресот на твоите вежбачи, да го запишуваш на лист хартија или како белешка во телефон, со MyFitKit, на едно место можеш да ги следиш сите метрики што ти се потребни како тежина, телесни масти, срцебиење, обем на одредени делови од телото и многу други. 

Причина #5: Брза и ефективна комуникација со вежбачите во реално време

Колку често ти се случува да заборавиш каде си му пишал на клиентот, дали на Вибер, Инстаграм или Фејсбук? 😳

Со MyFitKit немаш потреба од дополнителни апликации за разговор. На едно место, можеш да разговараш со твоите клиенти, групи на вежбачи или колеги тренери во реално време. 

Причина #6: Детален план за исхрана со само неколку клика

Покрај тренинзи, доколку подготвуваш планови за исхрана за твоите клиенти, знаеш колку макотрпно може да биде истражувањето и комбинирањето прехранбени производи според потребите на клиентот.

MyFitKit ти ја олеснува работата со широката палета од над 4000 прехранбени производи и состојки од коишто можеш да избереш. 😋🥑

Со само неколку клика, можеш да направиш детални планови за исхрана, да ги означиш твоите омилени видови на храна или да ги зачуваш оброците за повторна употреба.

my-fit-kit

Како MyFitKit ти помага да го дигитализираш твојот бренд како фитнес тренер? 

Штом стигна до овде, сигурно си свесен/а дека дигитализацијата е иднината на фитнес индустријата. 🚀

За да останеш на врвот на својата игра, како фитнес тренер треба постојано да бидеш во чекор со очекувањата на клиентите. Во спротивно, може брзо да заостанеш зад конкуренцијата. 😟

Дигитално решение како MyFitKit не само што ќе ти ја зголеми продуктивноста и ќе ти заштеди време, нерви и енергија, туку ќе ти помогне и да им го обезбедиш најдоброто финтес искуство на твоите сегашни вежбачи и да привлечеш уште повеќе лојални клиенти. 

Апликацијата е одлична и ако имаш клиенти од странство, бидејќи е достапна на 3 различни јазици: македонски, англиски и грчки.

📞 Контактирај нè за да дознаеш како да започнеш да ја користиш MyFitKit уште денес! 

my-fit-kit

 

my-fit-kit

MyFitKit е комплетна апликација што со само неколку клика ја олеснува и автоматизира работата на велнес инструкторите, личните тренери, нутриционистите и фитнес студијата.

Апликацијата е достапна на Google Play и App Store.