Антонијо Трипуновски – MyFitKit remote coach

Антонијо Трипуновски - MyFitKit remote coach

Видливи резултати за краток период, чувство на среќа и задоволство од своето тело и зголемена самодоверба за солидна сума. 💯

Ова се само дел од придобивките што ќе ги искусиш од онлајн програмите на Антонијо Трипуновски, тренер за рекреативци, кондиционен тренер и нутриционст и еден од нашите MyFitKit remote тренери.

Антонијо Трипуновски - MyFitKit remote coach

Со Антонијо како твој личен тренер во џеб, можеш да ги испробаш следниве програми:

✅ Glutе Building – програма наменета за сите девојки што сакаат да го подигнат, обликуваат задникот и тонираат целото тело.

✅ Hypertrophy Program – наменета за сите коишто сакаат да изградат или подобрат мускулна маса.

Овие програми се идеални за жени што сакаат да се чувствуваат јако и да бидат затегнати и мажи што сакаат да изгледаат јако, мускулесто, здраво и фит. 💪

Преку овие програми ќе имате резултати. Ќе се чувствувате јако и стегнато. Ќе бидете среќни и задоволни. Бенефит ќе биде реално и тоа што за доста солидна сума добивате пристап до нешто што навистина работи и дава резултат. Сè е склопено како што треба и правилно дозирано. На вас останува само да работите и да научите да уживате во процесот на вежбање, а не само да се фокусирате кон крајната цел. Затоа што ако стигнете до крајната цел, а во процесот не сте се промениле, нема да останете таму. Затоа работите мора да се работат од корен. Со промена на личен идентитет, може да ги почувствувате долгорочните бенефити.

Антонијо Трипуновски - MyFitKit remote coach

Ако го избереш Антонијо како твој личен тренер преку MyFitKit апликацијата, ќе добиеш персонализиран, индивидуален пристап и процес целосно прилагоден на твоите потреби.

Соработката не завршува кога ќе му ги дадам програмите на клиентот. Програмите подлежат на промени врз основа на повратните информации на клиентите. Пристапот ми е коренски – се трудам да им го сменам личниот идентитет на клиентите со цел навиките и малите победи што ги остваруваме секој ден да станат дел од нив. Зашто само ако се смениме вистински и од корен, може да останеме здрави и фит засекогаш, а токму тоа е мојата мисија (#foreverfit). 🚀

Тој е познат по својот уникатен начин на мотивирање на своите клиенти да не се откажат на патот кон целта.

Ги терам клиентите да размислат подлабоко – зошто го прават ова и кои се бенефитите од вежбањето и внесувањето на квалитетно гориво во себе. Изгледот и телото доаѓа само како нус-продукт. Многу е побитен менталниот аспект и тоа како нашето тело и мозок се менуваат додека вежбаме. Ги учам да ги МОТИВИРА тоа да бидат здрави и јаки цел живот, а не на 50 години да не можеш да се наведнеш или да чучнеш и да си поиграш со своето внуче. Е ова е тоа што треба сите да не „вози” за да се грижиме за нашето тело! 💡

Антонијо Трипуновски - MyFitKit remote coach

Зошто треба да му дадеш шанса на вежбањето со Антонијо? ⬇️

Затоа што позади сè што им е дадено и што го гледаат во MyFitKit програмите постои причина зошто е тоа така и ништо не е случајно ставено. Ќе се погрижам моите клиенти навистина имаат резултати и ќе им помогнам да го сменат својот личен идентитет. Затоа, одбери програма што најдобро се совпаѓа со твојата цел и биди чекор поблиску до неа!

За да дознаеш повеќе за Антонијо како тренер:😎

👍 Додај го за пријател на Фејсбук: CoachTripunovski

📸 Пиши му на Инстаграм: @coachtripunovski

За повеќе детали за MyFitKit програмите на Антонијо, кликни на следниов линк: ➡️ https://fitkit.trainero.com/shop/marketplace/coaches/antonio-tripunovski

my-fit-kit

 

my-fit-kit

MyFitKit е комплетна апликација што со само неколку клика ја олеснува и автоматизира работата на велнес инструкторите, личните тренери, нутриционистите и фитнес студијата.

Апликацијата е достапна на Google Play и App Store.