Повеќе од една деценија Академијата за боречки вештини, Бушидо Доџо ги поместува стандардите за тоа како се изучуваат боречките вештини како начин на живот преку развој на телото и техниката, умот и духот. 🙌
Големиот број на награди и признанија што ги добиваат се само уште една потврда дека натпреварувачкиот дел е минимален сегмент од вештината, но сепак едно убаво искуство и дружење.
Владимир Јовановски, основач и инструктор за боречки вештини во Бушидо Доџо споделува кој бил мотивот за создавање на академијата. ⬇️
Академијата за боречки вештини, Бушидо Доџо е основана на 22ри август 2012 година. Мотивот беше, е и ќе биде, изучување на боречките вештини како начин на живот, истовремен развој на телото и техниката, умот и духот. Од телесен аспект, вежбање на техники за реална борба до степен на автоматизам, применливи во секакви ситуации. Од духовен аспект, несвесно и инстиктивно делување со свесно стекнатите борбени техники, едновремена мисла и акција. Во целина, боречките вештини се начин на живот и како такви се применливи во сите животни домени. 🙌
Во Академијата Бушидо Доџо можеш да ги пробаш следниве боречки вештини:
🥋 Карате – Јапонска боречка вештина за самоодбрана и правилен развој на телото, умот и духот.
🧘 Зен медитација – Тренинг на телото, умот и духот за
максимална физичка и ментална фокусираност и присутност, овде и сега.
👊 Џиуџитсу – Голораката боречка вештина на самураите, практична за реална борба во секакви ситуации.
🔥 Street Fight – Современ концепт на борбени техники за самоодбрана и борба во реални ситуации без ограничувања и правила.
Часовите се достапни за деца и возрасни.
Бушидо Доџо е уште еден член на ФитКит фамилијата. 👩👧👧
Доколку сакаш и ти да бидеш дел од приказната на академијата Бушидо Доџо, закажи си термин преку ФитКит апликацијата и посети ја Академијата за боречки вештини што се наоѓа на:
👣 улицата „Илија Димовски” број 6 во населбата Лисиче во општина Аеродром, Скопје.
За да бидеш во тек со сите новости на Бушидо Доџо:
📸 Следи ги на Инстаграм: @bushidodojomacedonia
👍 Пиши им на Фејсбук: Bushido Dojo Macedonia
📧 Пиши им на мејл: macedonian.samurai@gmail.com
☎️ Јави се: 070 820 276
ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и со опција за закажување сесии со лиценциран психолог.
ФитКит е и платформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови. Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV. Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.