Fierce Fitness е студио што веќе 5 години ја крева свеста за важноста на физичката активност во подобрување на здравјето и физичката благосостојба.
Под мотото “Give yourself a chance!”, тренинзите што ги нуди Fierce Fitness се комбинација од кардио тренинг на вреќа и вежби за затегнување на проблематичните делови кај девојките.
Кик — фит тренинзи за жени и часови по самоодбрана се дел од палетата на дисциплини, специјално направени за да ти дадат доза на адреналин, да го исфрлат стресот и негативната енергија од твоето тело и да ти го зајакнат имунитетот.
Дополнително, како вежбач, можеш да добиеш и свој личен тренер и да избереш од широкиот избор на суплименти.
Во рамки на Fierce Fitness, за прв пат во Македонија е основана група за жени што ќе се вклучат во специјализираната програма за самоодбрана базирана на принципите на бразилско Џиу Џицу, спорт популарен по фактот што помалите борци секогаш ги надвладуваат големите и физички појаките противници.
Драгана Андреевска, основач и тренер во Fierce Fitness вели дека постојано се вложува во разновидност и динамика што ќе го направат тренингот интересен и пред се — ефикасен, а задоволните клиенти се уште една потврда дека Fierce Fitness оди во вистинската насока.
Те покануваме да ги искористиш твоите ФитКит кредити и да закажеш тренинг во студиото на Fierce Fitness во Центар (Булевар “Теодосиј Гологанов” број 70.
За да бидеш во тек сите новости на Fierce Fitness:
Instagram: @fierce_fitness_skopje
Facebook: https://www.facebook.com/FierceFitnessSkopje/
Fierce Fitness е дел од ФитКит фамилијата. ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, во над 150 локации во земјава.
Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.
Симни ја, закажи си термин, посети го студиото и пиши ни импресии. 🙂