ФитКит Херој на Неделата: Александра Коцева Стојанова

aleksandra-koceva-peshikj

Постојано се стреми вежбањето да ѝ премине во животна навика, бидејќи голем дел од денот го поминува пред компјутер. 

Паралелно, се вложува максимално во секоја физичка активност што ја прави, за да си ја одржува својата фит форма. 💯

Запознајте ја Александра Коцева Стојанова од Штип, нашиот ФитКит херој на неделата. 👋

Се трудам да вежбам наутро пред работа од дома и генерално се обидувам да се држам до таа рутина. Некогаш кога немам доволно време, гледам да го завршам вежбањето после работа. Целта ми е вежбањето да ми премине во животна навика, бидејќи голем дел од времето го поминувам седејќи пред компјутер. Во меѓувреме, се трудам со тоа да ја задржам мојата тежина и да постигнам подобра форма. 

aleksandra-koceva-peshikj

Првата активност што ја има закажано преку ФитКит апликацијата е час по аеробик во студиото на FitLife

Апликацијата ѝ помогнала да експериментира со различни дисциплини, а најмногу се има пронајдено во пливањето. 🏊

Најмногу сакам тренинзи што се водени од инструктор, бидејќи ми е полесно да се мотивирам кога некој друг ги прави вежбите со мене. Затоа, најчесто избирам да правам ваков вид на активности. Исто така, многу често ги користам ФитКит кредитите за пливање, што е исто така една од моите омилени активности.

aleksandra-koceva-peshikj

Претпочита да вежба од дома, бидејќи тоа најдобро се вклопува во нејзиниот натрупан распоред, а од опрема за вежбање најчесто користи мат и тегови

Јас преферирам вежбање од дома, бидејќи досега ми се покажало дека на тој начин најмногу го задржувам континуитетот во вежбањето. Сепак, тоа зависи и од целите што сакаме да ги постигнеме. Некогаш одам и теретана, за промена, но главната рутина на вежбање ми се одвива во домашни услови. Тој час вежбање од дома го одделувам само за мене и пробувам максимално да се релаксирам од секојдневните обврски. 🙌

aleksandra-koceva-peshikj

Моментално, Александра вежба сама, но во иднина ја размислува и опцијата за ангажирање на личен тренер

Мислам дека вежбањето со тренер зависи од целта што сакаме да ја постигнеме и е личен избор. И двете опции, вежбање сам или со тренер се супер се додека ни одговара рутината што ја практикуваме. Личен тренер е нешто многу корисно ако можеш да си го дозволиш финансиски. Конкретно за мене, во моментов мислам дека немам реална потреба од тоа, бидејќи главната фитнес цел што ја имам ја постигнувам и самата, но дефинитивно за во иднина би сакала некогаш да пробам да работам и со личен тренер. 

aleksandra-koceva-peshikj

Александра работи како Software Engineer во компанијата Valtech

Таа смета дека самото користење на кредитите за вежбање, масажа или пливање, носат огромни бенефити за вработените како зголемена енергија и редуциран стрес со што се зголемува и продуктивноста на работа. 🚀

ФитКит е алатката што ми го олеснува целиот процес за вежбање, почнувајќи од мотивација, закажување термин и слично. Би им препорачала на моите колеги да си ја пронајдат својата фитнес дисциплина за вежбањето да им премине во животна навика и да останат конзистентни во здравиот и активен начин на живот. 

За да дознаеш повеќе за Александра:😎

📸 Пиши ѝ на Инстаграм: @aleksandrakoceva

🎯 Конектирај се на LinkedIn: Aleksandra Koceva

 

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и со опција за закажување сесии со лиценциран психолог. 

ФитКит е и плFitKit logoатформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови. Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV. Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore