Таа е личност која што постојано е во движење, а колку повеќе се движи, толку повеќе има енергија што е одлика на нејзината динамична личност и карактер.
Запознајте ја Ана Стојчевска, нашиот ФитКит херој на неделата. 👋
Трчањето е нејзината пасија и еден од начините за да ја оствари својата фитнес цел, предводена од мотото: Во здраво тело – здрав дух! 🏃
Не би можела да издвојам што би ми било најомилено од трчање, планинарење, возење точак или зумба часови (во минатото). Сепак, ќе го издвојам трчањето и организираните трки во кои има многу еуфорија, адреналин, дружење, позитивна енергија, бодрење, издржливост и многу други незаборавни моменти. Во доста од досегашните трки на кои што сум учествувала, не сум се подготвувала конзистентно, а сепак сум постигнала добар резултат во добро време. Затоа, многу од другите тркачи се шегувале дека без многу напор, труд и многу форсирање, сум стигала на финиш лајн (не знаеле ниту тие како, а ниту јас). 😅
Дарио Ивановски е личноста која што ја инспирира бидејќи секогаш ги постигнува најдобрите резултати на секоја трка, без разлика на временските услови.
Дополнителна инспирирација ѝ е и чувството кога ќе ја исполни целта што ќе си ја зацрти.
Колку и да се работи за day-to-day activity, серија стомачни или трчање 5 километри на кеј, чувството дека сум остварила нешто, а притоа се чувствувам предобро, е мојата фитнес инспирација. ✨
Она што дополнително ја мотивира да биде истрајна во остварување на своите фитнес цели е и слушањето на следнава плејлиста: 🎶
Ана постојано сака да експериментира со дисциплини, барајќи ја својата идеална (и заразна) фитнес рутина.
Во моментов немам естаблирано некоја посебна рутина. Да бидам искрена, тоа е мојата цел во моментов – да смислам некој план по кој би се водела и што би ми станало животен стил до степен да станам заразна од вежбање. Имам многу блиски личности на кои што вежбањето и променетата исхрана им го смени животот и сликата за себе. Беше фасцинантно да се гледа како не можеа да поминат ден без да вежбаат и колку беа обземени од својата рутина. Генерално, во моментов вежбам кога можам, во текот на неделата возам точак, одам во најблиската теретана со користење на ФитКит апликацијата, трчам на кеј, а за викенди настојувам да испланирам искачување на планина, макар и до Водно или со мојот татко кој е голем ентузијаст за активности во планина.
Од опрема за вежбање, најголем акцент става на обувките. 👟
Најважно ми е да имам добри патики за трчање и добри чизми за планинарење. Секако удобен ранец, подлога и ластици за вежбање за дома, набавени од Декатлон и локалните спортски продавници.
Генерално не сум morning person, но вежбањето наутро во теретана зачудувачки добро ми влијаеше на енергијата што ја имав во текот на целиот ден. И трчанките со мојата сестра на кеј во летните денови на зајдисонце можам да ги издвојам како најдобри тренинзи (терапии) што сум ги имала досега. 🤩
Првата активност што ја закажала преку ФитКит апликацијата е медицинска масажа што ѝ помогнала да ги намали болките во грбот како последица од седечката работна позиција.
Смешните ситуации се неизбежен дел од животот на секој фитнес ентузијаст. А eве која е најсмешната ситуација што ѝ се има случено при вежбање:
Додека одев на зумба часови направив круцијална грешка – прво бев на релакс масажа која што траеше добри 60 минути и директно продолжив на вежбање. Бев толку изрелаксирана, што не можев да ја поместам раката и се чувствував како да лебдам и сè околу мене ми беше смешно. 😅
Ана преферира да вежба сама и индивидуално да си го определи типот, времетраењето и интервалите на вежбање.
Секако, вежбањето со тренер има свои предности. Како дел од клубот за трчање – Triology, сведок сум на големото значење и влијание на тренерот и лидер Сашо Спасовски за дадените совети, насоки, програми, итн. Сакам кога сум во просторија со повеќе луѓе кои вежбаат/трчаат/планинарат. На некаков начин ми се зголемува мотивацијата, можам да сум многу поопуштена и да го имам она чувство дека сум отишла некаде со некаква цел – да извежбам и да си дојдам дома. 🎯
Ана работи како Quality Assurance Engineer во компанијата Upshift.
Таа ја користи ФитКит апликацијата за да ја зајакне својата мускулатура и добро да се истегне после долгите часови седење пред компјутер.
ФитКит овозможува цел асортиман на активности што може да се практикуваат пред/после работно време и даваат значаен придонес кон општото здравје, концентрација, фокус. Совршена идеја вклучена како една од бенефициите што ги нудат многу компании во земјава, а треба да ја практикуваат и користат сите луѓе како корисници, а воедно и сите провајдери на услуги од оваа поле.
Еве што Ана им препорачува на своите колеги за да ги мотивира да вежбаат: ⬇️
Вежбајте за да бидете здрави, да се чувствувате здраво и да бидете полни со позитива. Чувството после вежбање е непроценливо! Не за џабе рекле „Во здраво тело, здрав дух”. 💪
За да дознаеш повеќе за Ана:😎
👍 Додај ја за пријател на Фејсбук: Ana Stojchevska
📸 Пиши ѝ на Инстаграм: @ana.stojchevska
🎯 Конектирај се на LinkedIn: Ana Stojchevska
ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и со опција за закажување сесии со лиценциран психолог.
ФитКит е и платформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови. Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV. Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.