ФитКит Херој на Неделата: Билјана Најденовска

Билјана-Најденовска

Динамична, полна со енергија и секогаш во потрага по адреналин. ⚡

Вежбањето ѝ помага да го подобри своето психо-физичко здравје за целосно да се посвети на своите пасии – возењето моторцикл и адреналинските спортови.

Запознајте ја Билјана Најденовска, нашиот ФитКит херој на неделата. 👋

Моите омилени физички активности се кик-фит и тежински тренинзи, бидејќи на овој начин се активираат повеќе делови од телото, со различна динамика и со различна тежина.

Билјана-Најденовска

Најдобрите тренинзи за Билјана се сите оние што вклучуваат интензивен тежински тренинг за раце и грб со кардио вежби на вреќа како јаготка на шлагот. 🥊

А токму оваа мелодија ѝ помага да остане фокусирана на тренингот и да го издржи динамичното темпо до самиот крај:

 

Дополнително, луѓето околу неа ја инспирираат да биде најдобрата верзија од себе и да не се откаже од својата фитнес рутина – неколку пати неделно тренинг и секојдневно пешачење. 👣

Избирам да вежбам во фитнес студио, бидејќи таму имам поголема концентрација за да вежбам и секако, дружба. Кога станува збор за тоа дали да вежбам сама или со личен тренер, мојот избор дефинитивно е личен тренер. Секогаш е многу подобро да имаш некој којшто ќе ти помага во процесот, ќе те надгледува дали правилно ги изведуваш вежбите со цел оптимално да ти се развива телото во насоката што ја посакуваш.

Билјана-Најденовска

Билјана работи како Legal Assistant во компанијата Valtech.

Таа вели дека вежбањето со ФитКит апликацијата како дел од корпорациските бенефити ѝ дава одлична шанса да се оддалечи од компјутерот, да се размрда од постојаното неколку часовно седење и едноставно да се опушти.

ФитКит е апликација што ми го прави вежбањето подостапно и поинтересно од било кога. Првиот тренинг што го закажав преку оваа апликација е тренинг во Fierce Fitness. И ден денес, не ги менувам за ништо!💪

Билјана-Најденовска

Билјана смета дека е неопходно секој што работи толку долго пред компјутер да ја внесе физичката активност како дел од своето секојдневие, барем неколку часа неделно, за да ги почувствува бенефитите на своја кожа.

Со бенефит како ФитКит, секој вработен се чувствува подобро, знаејќи дека неговото здравје и психичка состојба се важни за работодавачот. Бидејќи здрав вработен е секогаш добар и посветен вработен. 💯

За да дознаеш повеќе за Билјана:😎

👍 Додај ја за пријател на Фејсбук: Biljana Najdenovska

📸 Пиши ѝ на Инстаграм: @najdenovskab

🎯 Конектирај се на LinkedIn: Biljana Najdenovska

 

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и со опција за закажување сесии со лиценциран психолог. 

ФитКит е и плFitKit logoатформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови. Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV. Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore