ФитКит Херој на Неделата: Благица Дамевска

blagica-damevska

Обожава пешачење, затоа што може да го исклучи светот преку слушалки и да ја реши глобалната криза додека пешачи. 🤭

Запознајте ја Благица Дамевска, нашиот ФитКит херој на неделата. 👋

Мојата цел се менува со секој изминат период на вежбање. На почетокот на мојот фитнес пат, целта ми беше да ослабнам одредена бројка. Кога го постигнав тоа, сфатив дека повеќе сум уживала во патот до таа бројка отколку до самата цел. Меѓутоа, ако морам да одберам цел, тоа би било поздрав начин на живот. 

blagica-damevska

Тренерот што ѝ го сменил животот е Ивица Јанев (@icebbf) кој постојано ја туркал напред кон целта кога и да посакала да се откаже и да крене раце од сè. 🙌

Вежбање со личен тренер е добро за аматери и почетници кои што немале искуство со физичка активност досега. Меѓутоа, за понапредни вежбачи, подобро е сами да вежбаат. Јас лично, преферирам да вежбам во фитнес студио, затоа што дома е многу лесно да се “забушава”, додека во теретана повеќе се мотивирам кога ги гледам луѓето околу мене што вежбаат.

Еве како изгледа фитнес рутината на Благица:

🏋️ Понеделник: Нозе + задник

🏋️ Вторник: Трицепс и грб + кардио

😴 Среда: Одмор

🏋️ Четврток: Стомак + кардио 

🏋️ Петок: Рамо + бицепс

😴 Сабота: Одмор

😴 Недела: Одмор

Она што дополнително ја мотивира да го даде својот максимум е следнава мелодија:🎶

Смешните ситуации се неизоставен дел од нејзините тренинзи.

Најсмешната ситуација што ми се има случено при вежбање беше кога среде правење чучњеви, ми се скинаа хеланките. Невиден блам и брука! Мораше да ја сменам теретаната потоа. 😄

blagica-damevska

Првата активност што Благица ја закажала преку ФитКит апликацијата е вежбање во теретана. 

Од тогаш, таа редовно си букира термини за да ги почувствува на своја кожа сите физички и ментални придобивки што ги носи вежбањето.

После долго седење на биро по 8 часа дневно, навистина е добро да го исклучиш тој дел на мозокот и да го оставиш телото да го прави размислувањето за тебе. 💪

blagica-damevska

Благица работи како Talent Acquisition Expert во компанијата Upshift

Таа смета дека воведувањето на бенефит како ФитКит на работното место е јасен показател дека компанијата вложува во своите вработени.

Преку бенефити како ФитКит се гледа дека компанијата се грижи за вработените да бидат најдобрата верзија од себе и тоа не само на работно место, туку и надвор од него.

За да дознаеш повеќе за Благица:😎

👍 Додај ја за пријател на Фејсбук: Благица Дамевска

📸 Пиши ѝ на Инстаграм: @damevskab

🎯 Конектирај се на LinkedIn:  Blagica Damevska

 

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и со опција за закажување сесии со лиценциран психолог. 

ФитКит е и плFitKit logoатформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови. Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV. Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore