ФитКит Херој на Неделата: Дарко Бошковски

Дарко-Бошковски

Неговата омилена активност е возењето велосипед, затоа што додека тренира му се менува сцената, а со тоа добива 2 во 1 – вежбање + прошетка. 🚴

Запознајте го Дарко Бошковски, нашиот ФитКит херој на неделата. 👋

Дарко ја користи секоја сончева прилика за да се качи на велосипед. 

Немам некоја фиксна фитнес рутина. Јас сум од оние што чекаат сончево време или барем да не врне, па се качувам на велосипед и правам еден круг до Средно Водно и назад. Или, во денови, кога немам толку сила или време, гледам да извозам барем 20 километри.

Дарко-Бошковски

Дарко започнал со вежбање со цел да намали некој килограм, а сега тренира за да си ја одржи формата и кондицијата за да има сила да прави велосипедски екскурзии. 🙌

Ме инспирира секоја една индивидуа што изгледа фит, е константна со својата активност и не си бара изговори во стилот: „Врне дожд, дува ветар, зима е, ајде ќе почнам од пролет…” Кога станува збор за возење велосипед, мојата инспирација е Лоренцо Џованоти. Тој е познат италијански перформер на кој хоби му е возење велосипедски тури од по неколку стотици километри. Оваа негова кратка реченица ми е омилениот мотивациски слоган: „Viva La Bicicletta”!

Дополнително, и следнава мелодија го бутка Дарко да вози и вежба уште попосветено: 🙌

Најголемо достигување што сум го имал досега е возење тура од 100 километри со велосипед или мојот прв како што се вика – century ride. 🏆

Дарко-Бошковски

Ако треба да избира дали да вежба со личен тренер или сам, дома или во студио, еве кој е неговиот избор:

Корисно е да се вежба со личен тренер додека да ги научиш основите или со други зборови –  “да те прооди” пред да те остави сам на себе да научиш да трчаш. Лично преферирам вежбање на отворено или во фитнес студио, бидејќи сметам дека кога вежбам од дома, ми се губи рутината.

Дарко-Бошковски

Дарко работи како Junior .NET Full Stack Developer во компанијата SoPro.

Тој вели дека секогаш кога компанијата ќе издвои дополнителни средства за вработените во форма на бенефиции како ФитКит, тоа го зголемува чувството на припадност кај нив. 🫴

Од понудата на ФитКит апликацијата, најчесто користам масажа. Ме олабавува по напорниот работен ден. Дел од моите колеги се многу физички поактивни од мене. Тие ме инспирираат да вежбам, да вложувам во активен начин на живот и што повеќе да ја користам ФитКит апликацијата. 

За да дознаеш повеќе за Дарко: 😎

📸 Пиши му на Инстаграм: @daremagare

🎯 Конектирај се на LinkedIn: Darko Boshkovski

 

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и со опција за закажување сесии со лиценциран психолог. 

ФитКит е и плFitKit logoатформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови. Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV. Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore