Омилена физичка активност му е кросфит. Ова е тренинг каде што немаш време за да си го проверуваш мобилниот и мораш да си фокусиран во текот на сите вежби. 📵
Запознајте го Давор Дабески, нашиот ФитКит херој на неделата. 👋
За да влезам во водите на вежбањето првично ме мотивираше предизвикот да истрчам 5 километри. Но, пресвртната точка ми беше желбата да почнам да вежбам за да изгледам подобро, да се чувствувам подобро и поздраво. Откако стекнав рутина, другото се сведува на предизвици и подобрување на лични рекорди. Денес, не можам да издржам ако не извежбам скоро секој ден.
Давор вежба минимум 5 пати неделно. Четврток и недела му се деновите за заслужен одмор кога се релаксира во некој спа центар.
Песната Argy & Omnya од Aria најдобро ја прикажува неговата неделна фитнес рутина:
Еден мој тренинг трае околу 90 минути и се состои од 60 минути кросфит и уште 30 минути некои стандардни вежби од теретана.
Eве неколку резултати со кои што може да се пофали благодарение на вежбањето:
✅Стекната навика за активен живот.
✅Истрчал 4ри полумаратони, најбрз му е 2 часа и 10 минути.
✅Рекордно најниско ниво процент на масти во однос на висина и килажа (20%, висина 180 и килажа 85 кг).
Тој вели дека овие резултати се должат на редовното вежбање во теретана, но за оформување на атлетска фигура, “виновникот” е дефинитивно кросфитот.
Сепак и исхраната има голема улога за неговите одлични перформанси. Тој секој ден консумира 1 оброк – овес со протеин, мед и 10 грамa јаткасти плодови и 2 оброци со барем 200 грама месо/сирења.
Би сакал да останам конзистентен во поглед на бројот на тренинзи неделно и да се исхранувам соодветно. Процесот е битен, па резултати си доаѓаат сами. Мојата цел е да си држам квалитетен процес.
Hiking и axe throwing се активности што му се во план да ги проба за да си ја размрда фитнес рутината.
Како Senior Talent Acquisition Specialist во IT Labs, тој вели дека користењето на FitKit како бенефит за вработените, му помага да остане активен без разлика каде и да се наоѓа во државата.
Немој многу да ја мислиш дали да почнеш со вежбање или не! Започни, па ќе зборуваме после тоа. После долги години вежбање, мотивацијата ќе ти се сведе на навика, а неисполнувањето на таа навика ќе си има своја цена.
За да дознаеш повеќе за Давор:😎
👍 Додај го за пријател на Фејсбук: Davor Dabeski
📸 Пиши му на Инстаграм: @davordabeski
🎯 Конектирај се на LinkedIn: Davor Dabeski
ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и со опција за закажување сесии со лиценциран психолог.
ФитКит е и платформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови. Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV. Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.