ФитКит Херој на Неделата: Димче Ацковски

dimche-ackovski

Обожава да пешачи, затоа што е бесплатно и здраво, но омилена активност му е фитнес на шипка, бидејќи го предизвикува да излезе од својата комфор зона и да го даде својот максимум. 💯

Запознајте го Димче Ацковски од Скопје, нашиот ФитКит херој на неделата. 👋

dimche-ackovski

Мојата фитнес цел е да бидам фит, да се одржувам во форма и да имам повеќе енергија. 👣 Пешачењето ми е омилена активност, затоа што е бесплатно и здраво. Друга омилена активност ми е и фитнесот на шипка. 

Обично вежба со сопствена тежина, но во друштво на добар ритам како овој: 

Најдобриот тренинг што сум го имал досега ми бил кога сум сам во сала и пуштам музика што ми се допаѓа. Во такви моменти сум слободен да го дадам максимумот од себе. 

🎶 Музиката е и неизоставен дел и од смешните ситуации што ги има сведочено при вежбање.

При вежбање на справа, другарот којшто ми помагаше, си ја пееше песната која беше во позадина со сосема погрешни зборови, но многу самоуверено. Кога го слушнав, почнав да се смеам и целосно ја изгубив силата за вежбата. 😂

dimche-ackovski

А еве како изгледа неговата дневна фитнес рутина: ⬇️

Почнувам со загревање 10 до 15 минути од глава до петици. Потоа, следуваат различни вежби за различни делови од телото. На пример, ако еден ден вежбам раце и гради, друг ден би вежбал нозе и грб. На крајот од тренингот, правам вежби за кардио 15 до 20 минути. Го заокружувам тренингот со истегнување. Дополнително, имам еден ден посветен само за кардио тренинг. 

Неговата фитнес инспирација е Димитри Политов, најдобриот танчер на шипка во светот. Му се восхитува бидејќи човекот ѝ пркоси на гравитацијата. 🤩

Претпочита да вежба сам во студио, бидејќи си има сопствена програма и сака да се води по свое темпо. 

Преферирам повеќе да одам во студио, затоа што сум навикнат на тој начин. Кога сум таму, знам дека ќе се посветам на вежбањето, плус има повеќе простор и справи. Кога сум дома, најчесто практикувам јога или вежби за истегнување. 🧘

dimche-ackovski

Димче работи како QA Engineer во компанијата RLDatix

Тој ги охрабрува неговите колеги повеќе да ги користат можностите што ги нуди ФитКит како дел од пакетот бенефити за вработените.

ФитКит апликацијата како бенефит често поминува неискористена. Но, тие што ја користат знаат колку супер опции имаат на располагање како голем број на физички активности и можност за релаксирање со масажа, посета на спа центри и слично. 

dimche-ackovski

Токму анти-стрес масажа е првата активност што Димче ја закажал преку апликацијата. 💆

Тоа што можам да ги искористам ФитКит кредитите за активности или масажа, ми помага да се одморам од работниот ден и да имам повеќе енергија, зголемена концентрација и фокус наредниот ден, како за работа, така и за себе.

За да дознаеш повеќе за Димче:😎

👍 Додај го за пријател на Фејсбук: Dimce Ackovski

📸 Пиши му на Инстаграм: @dimceackovski

🎯 Конектирај се на LinkedIn: Dimche (Dim) Ackovski

dimche-ackovski

 

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и со опција за закажување сесии со лиценциран психолог. 

ФитКит е и плFitKit logoатформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови. Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV. Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore