Чувството на среќа кога ќе излезе од сала после одличен тренинг е нејзината најголема мотивација. Обожава да експериментира со различни места за вежбање и секогаш е отворена да ги проба сите активности што ѝ фаќаат око. 🤸♀️
Запознајте ја Емилија Јакимова, нашиот ФитКит херој на неделата. 👋
Функционалните тренинзи се мојата омилена физичка активност. Вежбите постојано се разновидни и ме држат активна во текот на целиот тренинг. Дисциплината, мотивацијата и континуитетот во вежбањето се најголемите резултати што сум ги постигнала досега.
Песната Штом сакаш од Каролина Гочева најдобро ја опишува нејзината неделна фитнес рутина, но и пасијата постојано да вложува во своето физичко здравје и да биде својата најдобра верзија. 💪
Вежбам 4 пати неделно. Си распоредувам тренинзите според мускулни групи, upper body, lower body, functional training. Сите овие тренинзи ги вежбам во Functional Planet. Четвртиот тренинг може да биде нешто забавно како Kick Fit во Fierce Fitness или Kangoo Jumps.
Во деновите која ја мрзи да се појави на тренинг, еве како Емилија се мотивира:
Само се потсетувам на преубавото чувство што ќе го имам после добар тренинг. Од голема помош е и работењето со според мене, најдобрите, најискусните и најмотивирачките тренери во Скопје – Бојан, Емануел и Стефан од Functional Planet.
До крајот на 2024та година, Емилија ќе го вложи својот максимум да продолжи со одличното темпо на вежбање, да ужива и да се забавува на секој тренинг, но и да внимава малку повеќе на исхраната. Би сакала да започне и со пливање. 🏊
Вежбањето со ФитКит има голем импакт врз мене, затоа што ми стана lifestyle, секојдневен дел од мојата рутина. Така почнав и редовно да вежбам! Затоа и би ги советувала сите вежбачи едноставно да уживаат во процесот и ќе ги видат резултатите на дело!
За да дознаеш повеќе за Емилија :😎
👍 Додај ја за пријател на Фејсбук: Emmå Jakimova
📸 Пиши ѝ на Инстаграм: @emmajakimova
🎯 Конектирај се на LinkedIn: Emilija Jakimova
ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и со опција за закажување сесии со лиценциран психолог.
ФитКит е и платформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови. Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV. Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.