ФитКит Херој на Неделата: Филип Заза

filip-zaza

За него ќе ви речат дека отсекогаш го имал спортскиот дух во себе. 💪

По долги години тренирање кошарка и пливање, тој продолжува со своето фитнес патување во бодибилдинг. Денес, тој брои 2 години како активно и дисциплинирано вежба.

Запознајте го Филип Заза, нашиот ФитКит херој на неделата. 👋

Бодибилдингот е неговата (без конкуренција) омилена физичка активност.

Вежбам 6 пати неделно, а недела ми е ден за одмор. Тренинзите ми се распоредени со тоа што во понеделник вежбам гради, во вторник – грб, а во среда – рамо. Нозете и рацете не ги вежбам затоа што ми се доста развиени благодарение на кошарката и генетиката. На секој тренинг правам и по неколку вежби за стомак и минимум 30 минути кардио на скали, точак или трака.

filip-zaza

Песната Look At Me! од XXXTENTACION најдобро ја опишува неговата фитнес рутина што во текот на изминативе неколку години му донела безброј пофалби за обликуваното тело.

Многу сум задоволен од себе овие 2 години. Самиот факт што многу луѓе ме прашуваат дали сум на хемија, а јас сосема природно се билдам, кажува многу за мојот прогрес. 💯

Откако започнал со вежбата barbell row за грб, грбните мускули драстично му се развиле. Затоа, ова и неговата омилена вежба.

Немам конкретен фитнес херој. Мојот начин на вежбање и моето вежбање се мои. Само јас знам како се чувствувам најдобро и како сакам да изгледам. Вежбам за себе и за своето задоволство. Едноставно, никогаш не ме мрзи да вежбам. Тоа е до начинот на кој размислуваш и твојот поглед на светот.

filip-zaza

“Ме мрзи да вежбам” е фраза што ја нема во неговиот речник.

Кога те мрзи да вежбаш и нема да одиш на тренинг, всушност си го покажуваш карактерот. Ако победи мрзата и останеш дома, тогаш ќе бидеш просечен човек што наоѓа изговори и соништата ќе си останат соништа, а не реалност. 😳

Резултатите од тренинг ги надополнува со внимателен режим на исхрана и броење калории.

При секој оброк гледам да имам барем по 1 извор на протеини како јајца, пилешко, телешко, свинско, риба и по 1 извор на јаглехидрати како компир, интегрален ориз, шпагети, црн леб, итн. Во текот на денот се трудам да внесам 200 грама протеини со 200 грама јаглехидрати. Со оглед на тоа што сум во фаза на чистење, внесот на калории ми е 2000 до 2200 на ден.

filip-zaza

Првата активност што Филип ја закажал преку ФитКит апликацијата е вежбањето фитнес студиото Synergy. 🏋️

Денес, тој е навистина редовен корисник на сите можности што ги нуди ФитКит.

ФитКит е навистина практична апликација што насекаде ја препорачувам. Ако некој ден не можеш да одиш во една теретана, можеш да си закажеш во друга. Или, на пример, ако твојата теретана не работи во недела, ќе закажеш во друга што работи во недела. Ова е многу флексибилна опција наместо да плаќаш дневна карта каде и да одлучиш да одиш да вежбаш.

А еве што им препорачува на новите вежбачи: ⬇️

Ако сакаш да качиш на маса, јади, вежбај и креирај менталитет дека само со напорна работа, дисциплина и континуитет можеш да постигнеш резултати. Не секогаш ти се потребни лични тренери за да ги постигнеш своите фитнес цели. Јас самиот немам дадено ниту денар за тренер, туку постојано вежбам користејќи ги Google и YouTube како ресурси. 

filip-zaza

До крајот на 2024та година, Филип планира вежба напорно за да ги обликува своите стомачни мускули уште подобро. А во план му е и да проба бокс и кросфит.

 

За да дознаеш повеќе за Филип:😎

👍 Додај го за пријател на Фејсбук: Filip Zaza

📸 Пиши му на Инстаграм: @filipzaza

 

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и со опција за закажување сесии со лиценциран психолог. 

ФитКит е и плFitKit logoатформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови. Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV. Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore