ФитКит Херој на Неделата: Јасмина Станковска

Јасмина-Станковска

Обожава да трча и да искачува планински врвови како бесплатен начин за да го подобри своето физичко и психичко здравје. Често ја мотивира помислата дека пицата или чоколадото што ги изела претходната вечер мора да се истрошат. 🤭

Запознајте ја Јасмина Станковска, нашиот ФитКит херој на неделата. 👋

Мојата фитнес цел е да го подобрам моето општо здравје, кондиција и да имам повеќе енергија. Сакам да бидам здрава и во добра форма во подоцнежните години од мојот живот, односно да си дочекам старост здрава и права. Тоа вклучува подобрување на издржливоста, силата и флексибилноста на моето тело.

Jasmina-Stankovska

Трчањето и планинарењето се нејзините омилени активности за да го подобри својот перформанс. 

Мојата омилена активност е трчањето затоа што ми помага да го подобрам моето физичко и ментално здравје – а и бесплатно е. Друга активност што исто така ја сакам е планинарењето поради истите причини. Покрај трчањето, правам и тежински тренинзи што ми помагаат во зацврстувањето на мускулите. 🏋️

Оваа мелодија е нејзината go-to песна за трчање: 

Нејзината фитнес рутина за да го одржува телото во топ форма е следнава:

Идеалното сценарио е кога станувам рано наутро и трчам, а после работа имам тежински тренинг. Понекогаш успевам да направам само една од овие две активности, зависно од тоа како ќе ми тргне денот. За викенд често одам до врвот на Водно или националниот парк Пелистер, во зависно од тоа во кој град се наоѓам. 

Jasmina-Stankovska

Најсмешните ситуации на тренинг секогаш вклучуваат борба и трчање низ сала по пилатес топката. 😄

Моментално вежба од дома, затоа што сè уште е во потрага по фитнес студио во близина што ќе ги исполнува нејзините критериуми.

Сум одела сама во фитнес студио и мене лично тоа не ми одговара. Ми треба надзор и ревизија од стручно лице, бидејќи сигурна сум дека фитнес тренерите се разбираат во нивната работа повеќе од мене. 

Jasmina-Stankovska

Јасмина работи како Technical Author во компанијата RLDatix.

Таа вели дека користењето на ФитКит како бенефит за вработените несомнено ќе резултира со повисоко ниво на енергија, а тоа ќе донесе поголема продуктивност во работата. 

Користењето на ФитКит како бенефит покажува дека компанијата се грижи за нас и нашата благосостојба. Истото може да резултира со посветени, здрави и мотивирани вработени. Може да почнете со едноставни активности како што се шетање, трчање или јога. Целта е да уживате во процесот и да се забавувате, а не да ги гледате активностите како мачење. Што и да одберете, дали спорт, масажа или нешто слично, ќе доведе до повисоко ниво на енергија, а со тоа и до поголема продуктивност на работното место.

Jasmina-Stankovska

За да дознаеш повеќе за Јасмина:😎

👍 Додај ја за пријател на Фејсбук: Jasmina Stankovska

📸 Пиши ѝ на Инстаграм: @jasminastankovska

🎯 Конектирај се на LinkedIn: Jasmina Stankovska

 

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и со опција за закажување сесии со лиценциран психолог. 

ФитКит е и плFitKit logoатформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови. Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV. Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore