FitKit Херој на Неделата: Мартин Анѓелкоски

Мартин-Анѓелкоски

Порано не ги разбирал луѓето што вежбаат кросфит, но денес, не може да си го замисли денот без добар кросфит тренинг и добро потење до последната трошка сила.

Запознајте го Мартин Анѓелкоски, нашиот FitKit херој на неделата. 👋

Низ целиот возрасен живот имам силна врска со рекреативен велосипедизам – road и mountain biking, но како што одминуваат годините и се намалува слободното време, велосипедизмот беше првото нешто што страдаше на сметка на сè друго. Тоа значеше дека „се запуштив“, стигнав до најголемата килажа во животот која не им одговараше на моите колена и зглобови, па ми требаше некаква активност да се промени тоа. 🚵‍♂️

Но, благодарение на својата посветеност кон кросфитот и планинарењето, тој успеал да се врати во форма. 

Обожавам кросфит во групни тренинзи поради константната компетитивност присутна во сала – нема паузи, нема лежење, нема Инстаграм помеѓу сетови. Планинарењето – сите ги знаеме бенефитите, препорачливо и соодветно е за сите – не сум сретнал човек кој во моментот на турата е тажен, замислен, under the weather.

Martin-Angjelkoski

Ако неговата неделна фитнес рутина е песна, тогаш дефинитивно би била Black Betty од Ram Jam.

Во FitHub имаме можност за 5 тренинзи неделно, одредени од искусните тренери. Почнуваат со соодветно загревање за тренингот што нè чека. Вообичаено вежбаме 25 до 40 минути со навистина висок интензитет и притискање на лимитите. Лично, се обидувам да таргетирам 4 тренинзи неделно, но некогаш навистина ми треба пауза, па се случува да се појавам само на 2.  Вежбам во понеделник, вторник, четврток и петок, со тоа што пропуштениот тренинг имам можност да го надоместам во сабота.

Во моментов, Мартин смета дека е во својата најдобра физичка спремност во својот живот, благодарение на редовноста на тренинг во минатите 10 месеци. Од почеток на годината до сега, има намалено 10тина килограми, со (за него) забележливо зголемување на мускулната маса. 💪

Групни тренинзи од било кој тип за мене се нешто незаменливо. Самото тоа што тренер ги составува тренинзите секој ден со прогресивно зголемување на тежината на тренингот, како и самата компетитивност при вежбањето, прават тоа време што го поминувам ва вежбање да е 100% ефективно.

Martin-Angjelkoski

Мартин отсекогаш велел дека вежба за да јаде што сака и колку сака, но како што му одминуваат годините, сфатил дека – you are what you eat. 💯

Јадам сè што ми се јаде, но без прејадување. Се трудам храната да содржи протеини и да нема „празни“ калории.

Подобро лош, пасивен тренинг отколку никаков тренинг е неговото мото.

Да не звучам многу спиритуално, 😅 ама лек за секаква анксиозност, мрза, расонување е – движењето. Речиси секој скокнат тренинг за мене бил поради други обврски, а во малкубројните останати ситуации поради физичка или психичка исцрпеност од денот. Моето мото е подобро лош, пасивен тренинг, отколку никаков тренинг особено во такви down денови.

Martin-Angjelkoski

Тој може да се пофали дека фитнес целта што ја имал за 2024та му е исполнета – а тоа е да се чувствува убаво во своето тело.

Од сите оние групни чатови што верувам дека секој ги има, омилен ми е чатот со наслов „група за глупи идеи“ кај што со уште тројца другари пробуваме разно-разни индивидуални или групни активности. Така и се заљубив во картингот, пробав и качување на карпи (ова ми е во план да го продолжам), куглање, пејнтбол, ласер-таг, посета на стрелиште – физички активности што не се премногу заморни, но се интересни. 😊

Како Digital & Talent Marketing Specialist во компанијата Netcetera, Мартин вели дека можноста да си избере активност која во моментот му е потребна, му служи како еден „ресет“ и потсетник дека сè е минливо, особено во денови кога работата знае да биде стресна и поради тоа да акумулира мисли, анксиозност и понекогаш и нервози. 

Групни тренинзи од било кој тип се одлични за почеток. Речиси сите вежбални имаат посветени тренери кои работат со тебе за да се осигураат дека брзо ќе се интегрираш во групата, a за почеток имаш спремни програми и предефинирани тренинзи. Според мене, ова е супер почеток за да осознаеш што ти одговара, па подоцна да си ја прилагодиш рутината.

Martin-Angjelkoski

За да дознаеш повеќе за Мартин:😎

👍 Додај го за пријател на Фејсбук: Martin Angjelkoski

📸 Пиши му на Инстаграм: @martinskiiiii

🎯 Конектирај се на LinkedIn: Martin Angjelkoski

 

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и со опција за закажување сесии со лиценциран психолог. 

ФитКит е и плFitKit logoатформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови. Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV. Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.