ФитКит Херој на Неделата: Мартин Икономов

martin-ikonomov

Обожава да игра фудбал поради елементот на компетитивност и да скија во зима за да си го зголеми нивото на адреналин. 🔥

Постојано се стреми да биде што е можно подобар во овие два спорта и да го доведе неговиот перформанс на следно ниво.

Запознајте го Мартин Икономов од Скопје, нашиот ФитКит херој на неделата. 👋

Мојата фитнес рутина е следнава: 4 пати неделно вежбам full body во теретана и минимум 2 пати неделно играм фудбал. Моите омилени активности се фудбал и скијање. Фудбалот го сакам поради тоа што има компетитивност и многу трчање (што исто така го сакам), додека, пак, скијањето го сакам поради адреналинот. 🎿

Мартин е од оние луѓе што не можат да си го замислат денот без физичка активност. 

Нема конкретна финтес цел, туку едноставно се стреми да изгледа фит и во секој спорт што го практикува да го даде својот максимум со секој нареден тренинг. 💪

Најдобриот тренинг што сум го имал досега (и не сум многу горд на тоа) е 2 часа вежбање во теретана, а потоа 2 термини играње фудбал.

Кога му е потребна екстра мотивација за да го издржи темпото на денот, во оваа мелодија го гледа спасот: 🎧

Првата активност што ја има закажано преку ФитКит апликацијата е тренинг во теретана. Од тогаш па се до денес, фитнес центрите (покрај фудбалските игралишта) се неговиот втор дом. 🏡

Преферира да вежба сам, бидејќи веќе долго време вежба во теретана, но смета дека ангажирање личен тренер е одличен избор за вежбачите што допрва почнуваат и им требаат насоки од стручно лица, или, доколку сакаат да постигнат некои одредени резултати. 

Според мене, вежбањето дома и вежбањето во фитнес студио се добар избор. Но, бидејќи вежбам со килажа, сепак мојот избор е фитнес студио бидејќи има многу повеќе опрема и тегови отколку што би можел да имам дома. 🏋

Нема некој омилен фитнес гуру, но доколку би можел да запознае некој, тоа би бил Chris Heria, бидејќи има одлични програми на YouTube.

Мартин работи како Junior CloudOps Engineer во компанијата RLDatix.

Тој вели дека спортската активност му помага да биде попродуктивен на работното место. 🙌

Научно е докажано дека човек што е спортски активен има зголемена продуктивност. Навистина е за поздравување кога компанијата каде што работите ви нуди платформа како ФитКит што ви овозможува до одреден број на кредити да вежбате каде сакате и колку сакате. Дополнително, ФитКит нуди и масажи за релаксирање и опоравување на мускулите по работниот ден. Затоа, ги охрабрувам моите колеги да го искористат овој бенефит и да вежбаат за да го подобрат своето здравје. 🙏

За да дознаеш повеќе за Мартин:😎

👍 Додај го за пријател на Фејсбук: Martin Ikonomov

📸 Пиши му на Инстаграм: @martin_ikonomov

🎯 Конектирај се на LinkedIn: Martin Ikonomov

 

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и со опција за закажување сесии со лиценциран психолог. 

ФитКит е и плFitKit logoатформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови. Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV. Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore