ФитКит Херој на Неделата: Јована Климовска

jovana-klimovska

Вежба за да постигне посилна и поздрава верзија на себе, но и да има поголема енергија и фокус кога патува и истражува нови туристички локации. ✈️

Запознајте ја Јована Климовска од Охрид, нашиот ФитКит херој на неделата. 👋

jovana-klimovska

Јована верува дека е повеќе од потребно секој ден да издвојуваме време за вежбање или релаксација. Затоа, таа најчесто вежба 5 до 6 пати неделно, а еден тренинг ѝ трае околу 1 час. 

Најчесто вежбам со тежини и справи, но често знам да закажам термин преку ФитКит за кардио тренинг, body combat, аеробик, пилатес или зумба. Секој ден се трудам да вежбам различна група на мускули. Секој тренинг е супер, но како омилен би го издвоила leg day. 💯

jovana-klimovska

Таа преферира да вежба во фитнес студио поради пристапот до различни реквизити и тежини. 

Вежбањето во теретана ми овозможува поголем спектар на вежби и секако, пристап до поголеми тежини. Покрај тоа, би го додала и дружењето со другите вежбачи. Моите блиски пријатели коишто имаат постигнато супер резултати се мојата најголема фитнес инспирација. Често одиме заедно на тренинг. Тие ме мотивираат да излезам од комфорната зона, да пробам нови вежби и да го зголемам интензитетот на тренингот. 🏋

Она што дополнително ја мотивира да даде сè од себе, е и овој моќен музички микс: 🎶

Јована работи како Frontend Developer во компанијата Keitaro

Таа вели дека по секој комплетиран термин за тренинг, се чувствува поенергично и пофокусирано, а тоа директно се одразува и на работното место. 

На своите колеги што ги мрзи да вежбаат, им го порачува следново:

Rome wasn’t built in a day, but they worked on it every single day. 🔥

jovana-klimovska

За да дознаеш повеќе за Јована:😎

📸 Пиши ѝ на Инстаграм: @jk.travelgram

🎯 Конектирај се на LinkedIn: Jovana Klimovska

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и со опција за закажување сесии со лиценциран психолог. 

ФитКит е и плFitKit logoатформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови. Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV. Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore