FitKit Херој на Неделата: Никола Атанасов

Nikola-Atanasov

Скијање и било каков екстремен спорт на чист воздух се неговата пасија. Тој е еден од оние луѓе кои со нетрпение ја очекуваат зимската сезона за да уживаат во сите физички активности што ги нуди снегот.  ⛷️

Запознајте го Никола Атанасов, нашиот FitKit херој на неделата. 👋

Мотивација за да влезам во водите на вежбањето ми беше самото домашно воспитување. Уште од мали нозе бев свесен за важноста да се спортува. Денес, вежбањето ми е начин на живот.

Nikola-Atanasov

Благодарение на неговата дисциплина, Никола може да се пофали со одлични перформанси во скијачката дисциплина спуст со 111 километри на час. 🏆

Вежбам 3 до 4 пати неделно, во зависност од моите обврски. Секој тренинг ми е различен и ми се фокусира на различна група на мускули. А песната што најдобро ми ја опишува мојата фитнес рутина е Eternity од Anyma & Chris Avantgarde

Смешните ситуации се неизбежни за секој вежбач чиј што втор дом се фитнес центрите: 

Најсмешната ситуација што ми се случила при вежбање беше следнава: На коса обратна клупа што ја користам за стомачни, заборавив да го ставам делот што ги држи нозете, па се превртев наназад. 😂

Nikola-Atanasov

Никола нема стриктен режим на исхрана, но навистина се труди да не внесува празни калории, особено во деновите кога има тренинг.

Со оглед на тоа дека имам 36 години, држење на здравствената состојба на високо ниво ми е најголемата мотивација да продолжам да вежбам. Целта за оваа година ми е да си ја зголемам телесната маса до 80 килограми.

Кога не вежба, се релаксира во спа центар и ужива да поминува време во сауна. Токму првата активност што ја закажал кога почнал да ја користи FitKit апликацијата е масажа за максимална релаксација. 💆

Тој вели дека со FitKit, тој стекнал поголема навика за вежбање, отколку кога плаќал класична месечна претплата на една локација. 

Nikola-Atanasov

А на сите оние што се двоумат дали конечно да започнат да вежбаат во 2025та година, еве што им препорачува Никола: ⤵️

Си требал/а да почнеш вчера!

За да дознаеш повеќе за Никола:😎

👍 Додај го за пријател на Фејсбук: Nikola Atanasov

📸 Пиши му на Инстаграм: @nikoladiskopje

🎯 Конектирај се на LinkedIn: Nikola Atanasov

 

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и со опција за закажување сесии со лиценциран психолог. 

ФитКит е и плFitKit logoатформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови. Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV. Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.