FitKit Херој на Неделата: Петар Огњеновиќ

Ако може да прави една активност секој ден, тоа дефинитивно би било играње баскет во маало со другарите, бидејќи најмногу го релаксира физички и психички. А со неговата височина од 2 метри, несомнено има предност во секоја игра. ⛹️‍♂️

Запознајте го Петар Огњеновиќ, нашиот FitKit херој на неделата. 👋

Повредата на предните вкрстени лигаменти на коленото, била неговата пресвртна точка и мотивација да влезе во водите на вежбањето.

Мојата неделна фитнес рутина е составена од 4 до 5 тренинзи. На секој тренинг се фокусирам на одредена мускулна група, за постигнување поголем ефект. Тренинзите си ги распоредувам – upper body, lower body, push, pull, legs. 

Песната од Europe – The Final Countdown, најдобро ја опишува неговата дисциплина и издржливост при секој тренинг.

Вежбањето ми е навика што ми остана од деновите кога професионално се занимавав со кошарка. Најефективна вежба досега за мене била pull ups, бидејќи со таа вежба се раширив и преминав од дете во маж.😂

Професионалниот британски боксер Anthony Joshua е неговиот фитнес херој и личност од која што Петар црпи инспирација за уште повеќе да вложува во себе.

Порано имав режим на исхрана и строго се придржував кон него. Во зима потешко ми е да внимавам на исхраната, бидејќи сум голем гурман. Сепак, се трудам да внимавам ако не друго, барем на големината на порциите.

Првата активност што Петар ја закажал преку FitKit била тренинг во Палестра, бидејќи тоа му е омилената физичка активност.

Откако ја користам апликацијата, можам да кажам дека сум поредовен во теретана. Имам голем избор на локации каде можам да вежбам, во зависност од тоа каде ќе се движам во текот на денот. 

Во 2025та година, Петар ќе даде сè од себе да биде во својата физички најсилна форма, а ќе си ја тестира и кондицијата трчајќи маратон. 🏃‍♂️

За да дознаеш повеќе за Петар:😎

👍 Додај го за пријател на Фејсбук: Petar Ognjenovic

📸 Пиши му на Инстаграм: @petarpetarrr34 

🎯 Конектирај се на LinkedIn: Petar Ognjenovic

 

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и со опција за закажување сесии со лиценциран психолог. 

ФитКит е и плFitKit logoатформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови. Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV. Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.