ФитКит Херој на Неделата: Стефан Пешиќ

Стефан Пешиќ

Вежба за да се чувствува силно и енергично во своето тело, после многу часови поминати на компјутер на дневно ниво. 🖥️

Запознајте го Стефан Пешиќ од Скопје, нашиот ФитКит херој на неделата. 👋

Цел живот играм игри на компјутер, минимум 8 часа дневно работам со компјутер, така што транзицијата кон поздрав живот започна тешко, со многу голема решителност и примарно поради работата (цел ден пред компјутер = лошо 😂).

Stefan-Peshikj

Периодов е редовен вежбач во фитнес центарот на хотелот Александар Палас

Кога не оди во теретана, сака да искачува планински рути како планината Водно. ⛰️

Пробувам да вежбам барем 3-4 пати неделно. Обично се загревам правејќи ја вежбата со помали тежини. Пробувам да ги менувам вежбите константно, или барем редоследот на вежбите за да не го навикнувам телото на истата рутина. Обично тренингот трае 1 ипол до 2 часа. Со секој тренинг, се обидувам да го зголемам интензитетот за ниту една вежба да не ми биде лесна. На крајот на тренингот, завршувам со 15 до 30 минути кардио.

Stefan-Peshikj

На секој тренинг се труди да го даде својот максимум, а тоа е оној дел кога се чувствува како да ќе се распадне во секој момент. 😂

Оваа е музиката што го мотивира да ги надмине своите граници: 🎶

Преферира да вежба во финтес студио со личен тренер, бидејќи тогаш нема простор за “забушавање.”

Всушност, јас и започнав вежбајќи со личен тренер. Тренерите имаат многу повеќе искуство и се многу инвестирани во тоа што го работат. Тие едноставно знаат како да те насочат кон правиот пат и да ти помогнат да не правиш “глупости”. Сепак, на крајот на денот, одлуката дали ќе вежбаш сам или со тренер, останува на самиот човек и неговата посветеност. 🙌

Stefan-Peshikj

Стефан работи како Frontend Tech Lead во компанијата Web Factory

Тој вели дека користењето на ФитКит апликацијата како бенефит за вработените му помага да се чувствува посмиренo, поздравo и пофокусиранo после тренинзите, а сето тоа се рефлектира на работата. 

Самата идеја дека компанијата сака да вложи во вашето психичко и физичко здравје е голем плус, без разлика дали е тоа за теретана, јога, масажа или СПА центар. Сите тие активности се голем плус за секој вработен. 🏆 Користењето на ФитКит апликацијата за резервирање на активности доаѓа со големи бенефити: не мора цел месец да си врзан за една иста активност, туку можеш постојано да менуваш каде ќе вежбаш и што ќе вежбаш, без да има потреба да платиш за цел месец однапред.

Stefan-Peshikj

За да дознаеш повеќе за Стефан:😎

👍 Додај го за пријател на Фејсбук: Стефан Пешиќ

📸 Пиши му на Инстаграм: @stefanpeshikj

🎯 Конектирај се на LinkedIn: Stefan Peshikj

 

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и со опција за закажување сесии со лиценциран психолог. 

ФитКит е и плFitKit logoатформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови. Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV. Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore