ФитКит Херој на Неделата: Стефан Таневски

Стефан Таневски

Спортувањето му е навика без која не може, а огледалото негов мотив и инспирација да продолжи да вежба уште повеќе. 🙌

Запознајте го Стефан Таневски од Скопје, нашиот ФитКит херој на неделата. 👋

stefan-tanevski

Стефан спортува откако знае за себе. Најчесто вежба со сопствена тежина бидејќи вежбите се изведуваат со чисти моторички движења што се природни за телото, го обликуваат и ги зајакнуваат мускулите, а со тоа ја зголемуваат и целокупната сила. 

Мојата фитнес рутина започнува од доручекот што мора да биде протеински и не многу обилен. По 1-2 часа повторно јадам, овој пат јаглехидрати и протеини. Ручекот најчесто ми се состои од месо и компири или ориз.🥩 После ручек одмарам (power nap од некои 30-40 минути) и одам на тренинг. Пред тренинг знам да каснам некое овошје или некој здрав колач. Тренингот ми трае околу 1 ипол до 2 часа. Најпрвин започнувам со истегнување (делот што не го сакам баш), па со загревање и почнувам со главниот дел од тренингот. На крај, би требало да се истегнам, меѓутоа, тоа е делот што не го сакам, па ретко го правам тоа. После тренинг вечерам, се трудам тоа да биде нешто протеинско, меѓутоа, не бирам многу. 

stefan-tanevski

Најчесто не користи реквизити за вежбање. Но, кога му е потребна дополнителна тежина, вклучува панцир или појас со тег.

Спортувам откога знам за себе. Сметам дека немам некоја посебна цел, туку вежбањето, односно спортувањето генерално, ми е прераснато во навика без којашто не можам. 🙌 Кога ќе се погледнам во огледало и ќе видам дека не изгледам онака како би сакал, тоа ми е доволна инспирација. А доколку изгледам онака како сакам и како што сум се замислувал, тоа ми е уште поголема инспирација да продолжам да вежбам уште повеќе. 

stefan-tanevski

Првата активност што ја има закажано преку ФитКит е тренинг во фитнес студиото Oxygen. 🏋️

Прва и последна активност што сум ја закажал со ФитКит е тренинг во теретана Oxygen. Теретаната ми е блиску, има сè што ми треба и во периодот кога одам да вежбам, нема многу гужва што е многу важно за мене.

Преферира да вежба сам во фитнес студио, бидејќи во домашни услови го нема вистинскиот mindset за да извежба до максимум. 🧠

Повеќето фитнес тренери им ги даваат истите вежби на различни луѓе, иако некои од нив сакаат да ослабат, некои сакаат да зголемат мускулна маса, некои да го обликуваат телото и така натаму. Едноставно, секој човек е различен и вежбите што му одговараат на еден вежбач, не значи дека ќе му одговараат и на друг. Мислам дека со вежбање и со малку читање, секој може да заклучи кои вежби му одговараат и како треба да си го организира тренингот.

🎶 Не слуша музика кога вежба, но кога има потреба за тоа, ова е ритамот што го асоцира на вежбање: 

Најдобрите два тренинзи што досега ги имал изгледаат вака:

Првиот тренинг е 1000 склекови за 1 час и 300 вратила за 40 минути. Вториот е возење велосипед до средно Водно, калистеничен тренинг на средно Водно, продолжување со велосипед до Милениумскиот крст, калистеничен тренинг на крст и назад со велосипед по downhill патека. 🤯

stefan-tanevski

Како програмер во компанијата Quantox Technology, вели дека вежбањето му е издувен вентил за сè што му се случува, особено после 8 часа седење и гледање во монитор. 🖥️

Еден од знаците дека компанијата е добра и здрава околина за вработениот е кога се грижи за вработените и по завршувањето на работното време. Вежбањето е инвестиција што се исплаќа и на краток рок, а колку подолго вежбате, толку поголема добивка имате. Таа добивката е највредното – здравјето. 💪

За да дознаеш повеќе за Стефан:😎

👍 Додај го за пријател на Фејсбук: Stefan Tanevski

🎯 Конектирај се на LinkedIn: Stefan Tanevski

 

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и со опција за закажување сесии со лиценциран психолог. 

ФитКит е и плFitKit logoатформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови. Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV. Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore