ФитКит Херој на Неделата: Стефанија Џајкоска

Стефанија Џајкоска

Тежински тренинзи во теретана се нејзиниот супериорен stress relief и најдобрата активност за градење мускули и топење на масти. 🏋️

Запознајте ја Стефанија Џајкоска, нашиот ФитКит херој на неделата. 👋

Започнав да вежбам за да си ги подобрам менталното и физичко здравје. Од мала сум константно активна со возење ролери, скејт, танцување, аеробик, пешачење. Но последната година ипол сериозно се посветив на вежбање во теретана и градење мускулна маса што е особено важно за женскиот пол и хормоналното здравје. 

Стефанија вежба 5 пати во неделата, а еве што вклучува нејзината фитнес рутина, најдобро опишана со песната I Can’t Stop од De Javu.

Моментално следам програма што се состои од тренинзи 5 пати во неделата. Два дена вежбам горен дел, два дена долен дел од телото и последниот ден се фокусирам на стомачни и функционален тренинг. Останатите два дена ми се наречени active rest days, каде што пешачам, пливам, или планинарам. Секој мој тренинг го започнувам со динамично истегнување на цело тело. Потоа следува тежински тренинг каде што се трудам последните серии да ги извежбам до крајни сили. Следно, имам краток кардио тренинг и на крај завршувам со статични вежби за истегнување. 

Стефанија Џајкоска

Благодарение на вежбањето, Стефанија станала физички посилна, има поголема кондиција и многу повеќе енергија. 🙌

Squats и останати тежински вежби што го тренираат цело тело се најефективните вежби за мене. Преку ваквите сложени движења се тренираат многу мускулни групи одеднаш, помагаат за градење на баланс и за зајакнување на стомачните мускули. 

За да ги комплетира резултатите од вежбањето, голем фокус става на здрава и балансирана храна

Се трудам да јадам природна храна, месо, риба, овошје, зеленчук, јаткасти плодови, ориз, компир, млеко и млечни производи. Избегнувам процесирана храна. Главна цел ми е секој ден да внесам доволно протеин за мојот дневен таргет. 

Стефанија Џајкоска

Jessica Bickling е нејзиниот фитнес херој како личност што покрај инспирација, дава реални совети во однос на тренинг и исхрана и многу практични совети.

Верувале или не, ретко се случува да ме мрзи да вежбам. Претежно тренингот ми е хајлајт на денот и едвај чекам да дојде. Секако, има денови кога не сум расположена за вежбање. Тогаш си кажувам дека доволно е да отидам до теретана макар и само да направам 2 вежби и да не се форсирам. Овде се вклучува snowball effect, па кога ќе почнам со тренингот, веќе сум во форма да го истерам до крај. Дополнителна мотивација ми е чувството што го добивам после вежбање кога сум максимално исполнета со позитивна енергија. 💪

Вежбање во теретана е првата активност што Стефанија ја закажала преку FitKit апликацијата.

Откако започнав со FitKit, моите фитнес навики се променија на подобро во секој случај. Ова беше изразено особено на почеток бидејќи испробував различни активности и теретани. Имав флексибилност што ми беше потребна за да продолжам да вежбам и да не се откажувам. Најкорисно ми е тоа што можам да ја користам апликацијата во различни градови и теретани. Работам remote и често сум на различни локации, па преку FitKit сум слободна да си одберам да вежбам каде сакам – Скопје, Охрид, anywhere. 

Стефанија Џајкоска

Моментално Стефанија е во fat-loss фазата и полека транзитира кон фаза на градење на lean мускулна маса. До крај на година, нејзиниот фокус ќе биде ставен кон зголемување на силата и градење поголема мускулна маса. 🏋️

Планира да воведе и неколку нови вежби во моменталниот распоред, со цел да види дали подобро ќе ѝ ги таргетираат одредени мускулни групи.

Конзистентноста е најважната работа на почеток за секој вежбач, дури многу поважна од типот на трениг и од интензитетот. Покрај конзистентноста, на почеток фокусот треба да биде на формата и правилно изведување на вежбите, а силата, мускулите и добриот физички изглед ќе си дојдат сами по себе. 💯

За да дознаеш повеќе за Стефанија:😎

📸 Пиши ѝ на Инстаграм: @s.djajkoska

🎯 Конектирај се на LinkedIn: Stefanija Djajkoska

 

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и со опција за закажување сесии со лиценциран психолог. 

ФитКит е и плFitKit logoатформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови. Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV. Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.