Како FitKit може да биде твој сојузник во подобрување на машкото здравје?

На голем дел од мажите им е поважно редовно да си го носат автомобилот на сервис, отколку да одат на доктор и да си го проверат здравјето. 😳

За жал, оваа занемарување на своите физички и ментални потреби, си има свои последици:

⚠️ 1 од 8 мажи заболува од рак на простата. (Heypharmacist.co.uk)

⚠️ По 1 маж умира од рак на простатата на секои 45 минути. (Livewelldorset.co.uk)

⚠️ Срцевите заболувања се водечка причина за смртност кај 51% од мажите (Newsroom.heart.org)

⚠️ 78% самоубиствата се изведени од мажи. (Oxmag.co.uk)

⚠️ 24% од мажите помалку посетуваат доктор во споредба со жените. (Us.movember.com)

Преку најголемото глобално движење Movember се поттикнуваат мажите да посветат внимание на своето здравје, да одат на редовни прегледи и да не се срамат да разговараат за личните предизвици поврзани со менталното и физичкото здравје.

Реалноста е дека мажите не го приоретизираат своето здравје, сѐ додека не е предоцна. Често ги занемаруваат знаците на умор и стрес и упорно продолжуваат да ги тестираат своите граници на издржливост.

Но, ако не се грижиш за себе, нема да можеш да се грижиш ниту за своите најблиски и да им овозможиш добар живот.

Грижата за себе не е себичност. Тоа е начин за вложување во себе и инвестиција во долг, здрав и витален живот.

Токму тоа е и нашата мисија со FitKit, да им помогнеме на мажите да го стават своето физичко и ментално здравје на прво место, за да бидат најдобрата и најздрава верзија пред сѐ за себе, а потоа и за своите сакани.

Како FitKit може да ти помогне да го подобриш своето здравје како маж?

✅ Безброј опции за вежбање што не само што ќе ти го зајакнат и оформат телото, туку и ќе ти ја подобрат работата на срцето, циркулацијата и ќе ти ја регулираат тежината. Подигнување на расположението и енергијата се дополнителен бонус што ќе го добиеш.

Пристап до лиценцирани психолози со коишто ќе можеш отворено да разговараш за проблемите со коишто се соочуваш и да добиеш стратегии и нови перспективи како да ги надминеш истите.

✅ Голем број на масажи и пристап до спа центари за максимална релаксација, ослободување на токсини од телото со стимулација на лимфниот систем, подобрување на кардиоваскуларното здравје, намалување на покачениот крвен притисок, превенција на дијабетис и губење на килограми, итн.

План за исхрана според твоите здравствени потреби што ќе му го даде на твоето тело горивото што му е потребно да одлично да функционира.

✅ Друштвени активности како тенис, кошарка, планинарење, јавање, пинг-понг, картинг, билијард и слично како одлична можност да се “излуфтираш” од наталожениот стрес и да се социјализираш со пријателите.

FitKit не е само агрегатор на активности, туку ти нуди и безброј начини што ќе ти помогнат како да бидеш во контрола на својата физичка и ментална благосостојба. 

Сѐ што треба да направиш е да ја отвориш апликацијата и да избереш активности што најдобро се вклопуваат во твојот распоред.

Иако FitKit апликацијата е одлична почетна точка, сепак не заборавај да го посетиш својот доктор за да се осигураш дека твоето здравје е под контрола. Телото и умот ќе ти бидат навистина благодарни. Исто и твоите најблиски. 🫴

 

ФитКит е и плFitKit logoатформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови. Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV. Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.