ФитКит Херој на Неделата: Андреј Тавчиоски

Андреј Тавчиоски

Вежба за да оформи здраво и физички спремно тело што ќе му овозможи нормален живот без повреди и болки, но и максимален перформанс во неговото омилено хоби – играорна. 🕺

Запознајте го Андреј Тавчиоски, нашиот ФитКит херој на неделата. 👋

Играорна е моето прво хоби со коешто се занимавам веќе 16 години и е навистина важен дел од мојот живот. Одлична можност за дружење, шетање, запознавање други култури, итн. Неодамна при проба на играорна добив повреда на коленото (скинат менискус), па моментално фокусот ми е да се опоравам правилно со цел да избегнам повторно да ми се случи истото.

Андреј Тавчиоски

Најчеста опрема што Андреј ја користи за вежбање е санка. 🛷

Откако имав повреда на коленото, другари ми ја предложија АТГ програмата што покрај физиотерапијата, навистина ми помогна да се вратам повторно на нозе. Основата на АТГ програмата е пешачење наназад и санката ја користам за прогресивно да додавам тежина и да напредувам во вежбата.

Токму и “борбата” за вежбање со санка придонело Андреј да има голем број на комични ситуации.

Постојано “се бркам” со луѓе коишто ми ја зафаќаат подлогата за лизгање на санката бидејќи им е мека за истегнување и вежбање стомачни. 🤭

Андреј Тавчиоски

Неговите другари се најголемата мотивација за Андреј да не “забушава” при вежбање.

Благодарение на моите другари, започнав да посветувам повеќе внимание на моето физичко здравје. Тие исто така ми се најголема мотивација да вежбам во денови кога не ми се мрда ниту со прст. Навистина би било идеално доколку секој може да си најде gym buddy за да добие поголема мотивација и инспирација за вежбање.

А еве како изгледа неговата фитнес рутина: 🏋️

Најчесто вежбам дома со сопствена тежина или надвор на шипки. Кога имам потреба од поголема тежина со цел да таргетирам одредени мускулни групи, тогаш одам во теретана. Се трудам да бидам конзистентен и да вежбам 3 пати во неделата, покрај моите редовни проби со играорната што се исто така 3 пати неделно.

Андреј Тавчиоски

Ако може да запознае еден фитнес гуру, тоа би бил Бен Патрик, основач на АТГ програмата што редовно ја следи. ✨

Преферирам да вежбам од дома бидејќи во близина немам теретана што има санка како справа за вежбање. Но, кога треба да се вежба АТГ, одам до некое фитнес студио што ја има токму таа справа.

Андреј работи како Софтверски инженер во компанијата Netcetera.

Тој вели дека ФитКит апликацијата како дел од бенефициите за вработени, му помага да си го прилагоди и времето за вежбање според својот план на работа. 

Со ФитКит имам флексибилност да изберам различно фитнес студио наместо да сум приморан да сум зачленет на едно место. Па така, според мојот работен план си го прилагодувам и времето за вежбање. Од големо значење е оваа бенефиција зошто ти помага да го прескокнеш првиот и најтешкиот чекор при вежбање во фитнес студио, а тоа е да се зачлениш во истото. А кога станува збор за моите колеги што сè уште се двоумат околу тоа дали да вежбаат или не, би ги поканил на заедничка сесија, било надвор на шипки или во теретана. 

Андреј Тавчиоски

За да дознаеш повеќе за Андреј: 😎

👍 Додај го за пријател на Фејсбук: Andrej Tavcioski

📸 Пиши му на Инстаграм: @tavcioski

🎯 Конектирај се на LinkedIn: Andrej Tavchioski

 

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и со опција за закажување сесии со лиценциран психолог. 

ФитКит е и плFitKit logoатформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови. Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV. Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore