ФитКит Херој на Неделата: Благица Бајиќ

blagica-bajikj

Тренинзите за издржливост ѝ се омилени, бидејќи на тој начин може да се тестира себеси колку има напреднато од претходниот тренинг. Ја инспирираат сите оние што знаат да ги издржат тренинзите до крај и не се откажуваат од остварување на своите фитнес цели. 🤸‍♀️

Запознајте ја Благица Бајиќ, нашиот ФитКит херој на неделата. 👋

Најчесто ги комбинирам тренинзите. Неколку дена во неделата вежбам наутро, а неколку дена попладне – зависи од обврските. Меѓутоа, гледам да комбинирам 3 тренинзи за издржливост со 2 тренинзи за сила (кросфит).

blagica-bajikj

Нејзината фитнес цел да ја зголеми својата кондициона спремност и издржливост. 

Тренинзите за издржливост ми се омилени бидејќи секогаш можеш да видиш колку си напреднал од претходниот тренинг. Од опрема за вежбање, најчесто користам руско ѕвоно, топка и јаже за скокање.

Ја инспирираат луѓето што уживаат во вежбањето и се истрајни во своите тренинзи. А и следнава мелодија си ја врши работата: 🎶

Таа вели дека да се има стручно фитнес лице до себе е еден од најдобрите начини како да научиш правилно и ефективно да вежбаш. 💡

Преферирам да вежбам со тренер. Не мора да е тоа личен тренер, меѓутоа мислам дека секогаш треба да има стручен човек до нас додека вежбаме. Би сакала да го препорачам фитнес студиото Nagomy што може да го најдете на ФитКит апликацијата и да го поздравам тренерот од Nagomy – Оливер што иако не е личен тренер, сите го доживуваме како таков.

blagica-bajikj

Благица работи како Marketing Operations Executive во компанијата Sopro.

Таа вели дека ФитКит апликацијата како компаниски бенефит за вработените е многу корисна и флексибилна алатка, бидејќи ти дозволува да бидеш физички активен/а кога најмногу ти треба. 💪

Користењето на ФитКит помага доста при зближување на вработените и промовирање на тимскиот дух. Можат да букираат заеднички активности, а како резултат на тоа да бидат порелаксирани и попродуктивни на работното место. Ве охрабрувам да пробате повеќе активности, сигурно ќе најдете нешто по ваш вкус!

blagica-bajikj

За да дознаеш повеќе за Благица:😎

👍 Додај ја за пријател на Фејсбук: Blagica Bajik (Благица Бајиќ)

📸 Пиши ѝ на Инстаграм: @baagga

🎯 Конектирај се на LinkedIn: Blagica Bajikj

 

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и со опција за закажување сесии со лиценциран психолог. 

ФитКит е и плFitKit logoатформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови. Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV. Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore