ФитКит Херој на Неделата: Борче Маневски

Борче-Маневски

Фитнесот му е инструмент за намалување на стресот, но и најдобар начин да го даде својот максимум и да го извади најдоброто од себе при омиленото хоби – скуба нуркањето. 🤿

Запознајте го Борче Маневски, нашиот ФитКит херој на неделата. 👋

Бодибилдингот и фитнесот отсекогаш ми биле инструмент за намалување на стресот што го создава секојдневието. Бидејќи и професијата ми е поврзана со работа на лаптоп во седечка положба, вежбањето со тежина ми помага да ги активирам сите мускулни групи што во текот на денот биле премногу згрчени, неправилно активирани или, пак, воопшто не биле активирани. Од друга страна, за да го практикувам моето омилено хоби – скуба нуркањето, морам да имам јаки мускули и коски, затоа што нуркачката опрема знае да биде тешка, а самото нуркање бара јака физичка издржливост.

Она што му помогнало да се истакне како лиценциран нуркач Padi Open Water Scuba Diver е закајнување на телото благодарение на вежбањето со тежини. 🏋️

Омилена активност ми е бодибилдингот, затоа што поттикнува мускулен раст, телесна дефиниција, како и одржување здрав сооднос телесни мускули – телесни масти. 

Борче-Маневски

Иако понекогаш денот му наликува како возење со луда железница како песната Achterbahn, сепак, спортската активност му дава сила и издржливост да истрае во секојдневието, но и да ужива и да се релаксира.

Во текот на неделата вежбам во фитнес клубот Палестра најмалку 3 пати од околу 1 час за време на паузата од работа. Секоја сесија ја посветувам на одредени мускулни групи. Најчесто ќе ме најдеш на бенч, машините со кабли и сето останато што го нудат фитнес клубовите во делот на вежбање со тежина. Најсмешно ми е кога штом ќе почнам да вежбам на некоја справа, некој ме праша: „Уште колку сета имаш?”, а мене би ми требале уште 20тина или 30тина минути за различни вежби. 😅

Борче целиот свој живот е вегетаријанец, но внимава на редовен и доволен внес на протеини, непходни за мускулен раст.

Најмногу се гордеам со тоа што немам никакви здравствени проблеми, поврзани со вкочанети или недоволно подвижни мускули, што лесно ја одржувам телесната тежина и што внимавам исхраната да ми биде квалитетна во насока на постигнување на фитнес целите. Да вежбам не ме мрзи никогаш, тоа ми е редовна пауза, која што ја користам со задоволство. 🙌

Борче-Маневски

Борче работи во компанијата Prospective Media Services AG како Менаџер за кампањи во програматски адвертајзинг.

Тој вели дека благодарение на ФитКит апликацијата што ја добива како компаниски бенефит, може редовно да оди на тренинг, а со тоа и подобро да си го организира времето.

До крајот на годината, Борче си има зацртано 1 цел – повеќе мускулна маса, а помалку масти. 🚀

За да го постигне ова, тој секојдневно се инспирира од сите оние девојки и момци со кои што дисциплинирано и редовно вежба секој дeн, бидејќи верува дека фитнес целите се достигнуваат само преку дисциплина, посветеност и истрајност. 

На секој почеток потребно е да се дефинираат јасни главни цели како и т.н. “попатни станици” или меѓу-цели. Исто како на секое патување. Пред да појдеме, мораме јасно да знаеме која ни е главната цел и кои се попатните станици. 

Borche-Manevski

За да дознаеш повеќе за Борче:😎

👍 Додај го за пријател на Фејсбук: Bo Mann

📸 Пиши му на Инстаграм: @bo_mann_bo_mann

🎯 Конектирај се на LinkedIn: Borche Manevski

 

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и со опција за закажување сесии со лиценциран психолог. 

ФитКит е и плFitKit logoатформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови. Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV. Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore