ФитКит херој на неделата: Бране Николовски

Бране-Николовски

Ниту трча, ниту обожава трчање, но се пријавил на полумаратон од 21 километар, само за да си докаже на себе дека може да го истрча цел и тоа без одење. 😂

Запознајте го Бране Николовски, нашиот ФитКит херој на неделата. 👋

Уште од мали нозе сум го сакал спортот. Имам тренирано карате 7 години и стигнав до црн појас први дан, но поради одредени причини, клубот се затвори. Алтернатива пронајдов во ММА борбите каде тренирав околу 4 години во еден познат клуб во Скопје, но поради повреда на коленото ми беше забрането да продолжам. Неколку години не вежбав ништо, освен планинарење и понекогаш пливање. Во еден период, сфатив дека ми фали вежбањето и дека имам енергија што треба некаде да ја потрошам. Па така, почнав со FitKit апликацијата, бидејки сакав да можам да менувам фитнес локации во зависност од мојте потреби и да не бидам ограничен со време.

Скокање на јаже е неговата омилена физичка активност, бидејки му дава брзина и агилност.

А песната од Coldplay – We Pray (Tini version) најдобро ја доловува неговата неделна рутина: ⬇️

Секогаш гледам да одам 3 пати неделно на тренинг, но поради моите обврски некогаш се случува само 2 пати да отидам. Тренинзите ми се флексибилни и ги комбинирам според мојте дневни обврски. Преферирам да вежбам во сабота наутро за да ја избегнам гужвата. Во недела, пак, ако имам време, 2 пати одам на тренинг. За време на викенди, се трудам да се движам повеќе како искачување на Водно или други активности во зависност од временските услови.

Бране-Николовски

Бране започнал да вежба поради вишокот енергија што го имал во себе, но и чувството после тренинг. Изгледот не му бил главна мотивација, но обликувањето на телото дошло со текот на вежбањето. 

Standing Cross Body Dumbbell Raise е вежба за гради што се покажала како најефективна за мене. Правилно е да се прави со тегови, но за мене е поефикасна ако е во комбинација со влечење на јаже. 

Вежбање во теретана е првата активност што ја закажал преку FitKit апликацијата. 🏋️‍♂️

FitKit ми дава доста флексибилност за време и место за вежбање. Јас не успевам секогаш да одам на закажани тренинзи со одредено време. Голема предност со FitKit ми е и менувањето на локација, па според денот си избирам каде да одам да вежбам за да избегнам гужва. 

Смешните ситуации се често дел од тренинзите на Бране.

Имаше ситуација додека вежбавме во една теретана, еден од вежбачите сакаше да ја намести климата да дува ладно, иако не го правел тоа претходно. Толку многу почна да студи во објектот, што сите присутни моравме да го скратиме тренингот и да си заминеме бидејќи смрзнавме. 🥶

Бране-Николовски

Бране нема посебен режим на исхрана, но се труди да избегнува чипс и чоколади, а како замена јаде јаткасти плодови.

Во принцип не ме мрзи да вежбам. На почетокот кога почнав, имав неколку моменти на мрза, но со текот на времето, телото станува зависно од вежбањето и самото ти бара да потроши енергија. 

Неговата фитнес цел за 2025 останува да си ја одржува својата ментална и физичка благосостојба дисциплинирано како и досега. А во план му е да им даде шанса и на некои адреналински активности.

Јас се водам според тоа дека треба да си го слушаш своето тело. Секое тело ти дава знаци колку напор може да издржи. Не е срамота да почнеш со мала килажа и да прашаш за некоја вежба. Кога јас почнував, вежбав со килажа што телото можеше да ми ја поднесе и сам истражував која вежба повеќе ми одговара за одреден мускул. 💪

За да дознаеш повеќе за Бране:😎

👍 Додај го за пријател на Фејсбук: Бране Николовски

📸 Пиши му на Инстаграм: @bnikolovski13

 

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и со опција за закажување сесии со лиценциран психолог. 

ФитКит е и плFitKit logoатформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови. Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV. Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.