Сака да плива, трча и да вежба функционални тренинзи. Смета дека е единствен човек во Македонија којшто гледа NFL секој викенд, од прва до последна игра. Готвењето му е afterwork пасија. 🧑🍳
Запознајте го Иван Јордановски, нашиот ФитКит херој на неделата. 👋
Пливање, трчање, функционални тренинзи (кросфит) и возење велосипед се моите омилени фитнес активности што ми помагаат да стигнам поблиску до својата фитнес цел: Long body endurance, for a faster and better way of living! 🚀
Најдобрите тренинзи за Иван се функционални тренинзи со фокус на движење на повеќе регии од телото и максимално ангажирање на мозокот за репетитивно извршување на сериите од вежбите без ниедна грешка. 🤸♀️
Мојата фитнес рутина се состои од тренинг со тежини (3 пати во неделата) и кардио тренинг (2 пати неделно). Викендот го користам за пешачење низ планината Водно или возење точак. Од опрема, секојдневно користам маичка и шорцеви, што полесно толку подобро за телото и мускулот за правилно да го издржат отпорот.
Инспирација црпи од Tom Brady, американски фудбалер. Еве зошто:
✅ Том Брејди e познат по својата неспоредлива работна етика и дисциплина. Тој има строг режим на тренинзи и следи високо специјализирана диета за да ги оптимизира своите перформанси и долговечноста во фудбалската кариера.
✅ И покрај тоа што има 40-ти години, Брејди продолжува да настапува на елитно ниво во физички захтевен спорт. Неговата способност да одржува врвни перформанси во 40-тите години, ми служи како доказ за придобивките од редовното вежбање.
✅ Менталната еластичност и способноста на Брејди да остане фокусиран под притисок се восхитувачки. Неговата способност да се справи со ситуации со висок стрес во клучните моменти од игрите е доказ за важноста на зачувување на менталното здравје благодарение на фитнесот.
✅ Иако фитнесот често се гледа како индивидуална работа, успехот на Брејди ја нагласува важноста на тимската работа, лидерството и комуникацијата во постигнувањето на колективните цели, без разлика дали се работи за спорт или во други области од животот.
✅ Брејди става силен акцент на исхраната при закрепнување од вежбање. Тој следи растителна, ниско-воспалителна исхрана, избегнува алкохол, кофеин и преработена храна.
✅ Тој е познат по неговата подготвеност постојано да учи и да се прилагодува на новите техники и стратегии за тренинг. Ова ме инспирира да го отворам својот ум и постојано да ја подобрувам сопствената фитнес рутина.
✅ Способноста на Брејди да остане релативно без повреди во текот на неговата кариера е доказ за важноста на паметните техники за обука, закрепнување и превенција од повреди. Ова ми служи како вредна лекција за приоретизирање на своето долгорочно здравје и фитнес.
Она што дополнително го мотивира да го даде својот максимум е следнава плејлиста:
А еве која е најсмешната ситуација што му се има случено при вежбање:
Кога вежбав кросфит со тренерот Бране во фитнес студиото еден ден имавме вежба Power snatch 2-2-2-2-2 на 80%. По тој тренинг, не можев 20 минути потоа да ги искачам скалите за да си одам накај дома. 🤭
Иван работи како Production designer & Head of tech operation во компанијата Upshift.
Тој вели дека ФитКит како бенефит за вработени е движење за едно големо “семејство” коешто нуди здрав начин на живот.
Без разлика дали сум дома, во канцеларија или на состанок, преку ФитКит, секогаш имам на располагање фитнес центар што е максимум оддалечен на 10 минути од мене каде што можам да ја извршам својата дневна фитнес рутина. We can lift the weight of the world off our shoulders, by putting a little weight on our backs! 🏋️
За да дознаеш повеќе за Иван:😎
👍 Додај го за пријател на Фејсбук: Ivan Jordanovski
📸 Пиши му на Инстаграм: @ivanjordanovski
🎯 Конектирај се на LinkedIn: Ivan Jordanovski
ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и со опција за закажување сесии со лиценциран психолог.
ФитКит е и платформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови. Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV. Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.