ФитКит Херој на Неделата: Јована Џолева

jovana-djoleva

Вежбањето ѝ помага да биде во фит форма, со многу енергија, добро расположение и одлично здравје, со цел максимално искористување на секој момент во животот. 🙌

Запознајте ја Јована Џолева, нашиот ФитКит херој на неделата. 👋

Омилена активност ѝ е пилатесот, а вежбањето од дома ѝ помага физичката активност да ја вметне во својот натрупан распоред. 📅

После долги години експериментирање со различни активности, најмногу се најдов во пилатесот. Тренинзите со Ивана Каратукова се совршени за мене! Се натпреваруваш сам со себе за да ја постигнеш најдобрата верзија од себе. 💪 Во овој период, повеќе ми одговара да вежбам од дома, бидејќи помалку време ми е потребно за да стигнам и да се вратам од тренинг. Секако, во фитнес студио енергијата е поинаква и сметам дека таму повеќе успевам да извлечам од тренингот. Можноста да се вежба онлајн од дома е тоа што многу ми олеснува да се организирам и поредовно да вежбам. Исто така, сакам пливање и возење велосипед. 🚴

jovana-djoleva

Ако треба да избира дали да вежба сама или со тренер, нејзиниот избор е очигледен:

Дефинитивно со тренер (личен или групен сеедно)! Ценам кога некој знае што прави, може да ме коригира при неправилна поставеност на телото кога вежбам и секако, да ме бодри да издржам на потешките вежби. 🙌

jovana-djoleva

Опрема што најчесто ја користи за вежбање се пилатес реквизити, а најомилени ѝ се ластици за отпор, кетлбел (руско ѕвоно) и TRX ремени за вежбање.

3 пати неделно вежбам по 1 час пилатес. Дополнително, возам велосипед до работа и назад до дома (од прилика по 5 километри во двата правци). Ме инспирираат сите жени и мажи кои што вежбањето го сметаат за составен дел од денот, исто како и одењето на работа. 🔥

🎶 Она што дополнително ја мотивира да го даде својот максимум е и следнава мелодија:

Јована работи како Product Owner во компанијата RLDatix.

Таа вели дека физичкиот замор е лек за умствениот и ѝ помага за појасно расудување, повеќе енергија и поголем капацитет за работа, а ФитКит е како шведска маса за фитнес достапна преку твојот телефон. 😁

Вежбањето не е нешто што се прави одвреме-навреме кога сакаш да постигнеш форма за летниот одмор, за свадба или забава. Вежбањето е дел од животот на модерниот човек кој живее урбано и работи во канцеларија. 💯

jovana-djoleva

За да дознаеш повеќе за Јована:😎

👍 Додај ја за пријател на Фејсбук: Jovana Dzoleva

📸 Пиши ѝ на Инстаграм: @jovanadzoleva

🎯 Конектирај се на LinkedIn: Jovana (Covik) Djoleva

 

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и со опција за закажување сесии со лиценциран психолог. 

ФитКит е и плFitKit logoатформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови. Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV. Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore