Трчањето е неговиот начин на живот. 🏃
Трчањето го учи на дисциплина, грижа за своето здравје, подобра исхраната, како да води здрав начин на живот и да воспостави подобар однос со себе.
Запознајте го Тони Цветковски од Скопје, нашиот ФитКит херој на неделата. 👋
Неговата фитнес цел е да биде се побрз во трчањето, а инспирација црпи од сите тркачи што се побрзи од него.
Трчањето е дефинитивно мојата омилена физичка активност. Трчам надвор на отворено од 80 до 100 километри неделно. Веќе 30 години вежбам во теретана 2 до 3 пати неделно. 🙌
Најдобрите тренинзи му се должините над 30 километри што ги има истрчано. Неговиот сон е да го запознае Елиуд Кипчоге, кениски тркач на долги патеки за да му каже како да истрча маратон за помалку од 2 часа. 🤞
🎵 Песните од Ѓорѓе Балашевиќ секогаш го инспирираат да го даде својот максимум при вежбање.
Еве која е најсмешната ситуација што му се има случено при вежбање:
Заборавив да земам шорцеви за тренинг, па вежбав по фармерки. 😂
Првата активност што ја закажал преку ФитКит апликацијата е во фитнес центарот Палестра, бидејќи сакал да го проба најизвиканиот фитнес центар во градот.
Како Project Manager во компанијата Semos, физичката активност му помага да до даде својот максимум на работното место, но и надвор од него.
Вежбањето придонесува за подобро здравје, подобар изглед и дава мир. За жал оние коишто не вежбаат, сè уште не гледаат каков бенефит е користењето на ФитКит апликацијата.
За да дознаеш повеќе за Тони: 😎
👍 Додај го за пријател на Фејсбук: Toni Cvetkovski
📸 Пиши му на Инстаграм: @tonkacve
🎯 Конектирај се на LinkedIn: Toni Cvetkovski
ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и како платформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови.
Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV. Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.