На потешкиот начин научил колку е важно да го негува своето физичко и ментално здравје, воведувајќи здрав и активен начин на живот.
Запознајте го Владимир Јорданов, нашиот ФитКит херој на неделата. 👋
Може звучи клише, но главната фитнес цел во животот ми е здравјето. Како човек кој поголемиот дел од животот го има поминато пред компјутер (работа, игри и слично) без никаква физичка активност, ми требаше голема промена на мајндсетот за да сфатам дека треба да се посветам повеќе на себеси ако сакам да си овозможам поздрав и подобар живот. Прво ги откажав цигарите после 14 години пушење (да, 14!). Тоа ми даде дополнителна мотивација дека да, јас можам да вложам уште повеќе и дури и да надокнадам за тоа што сум го испуштил претходно во поглед на здравје и физичка активност. Дополнителен фактор беа и болките во вратот и грбот што прво ми беа нешто нормално поради начинот на живот, но потоа по разговор со доктор, сфатив дека всушност тоа не е баш нормално и дека додека е време е лесно решливо.
Вежбањето во теретана е неговата омилена активност, бидејќи му овозможува да се чувствува исполнето.
Во последно време, омилена активност му е и планинарењето, бидејќи убавините што ги гледа додека искачува нови врвови не се споредуваат со ништо друго. 🧗
За само неколку години со вложување малку повеќе напор, но и промена на менталитетот, постигнав да бидам во најдобрата животна форма од било кога. Со ова дојде и повеќе здравје, подобар имунитет, помалку разболување. Па така, ако до пред некоја година не можев да истрчам 2км, сега, односно пред некој ден, истрчав за прв пат полумаратон на Скопскиот Маратон.
Инспирација за да биде најдобрата верзија на себе црпи од татко му. ✨
Татко ми е мојата фитнес инспирација. Тој е поранешен државен шампион во пинг-понг кој дури и на 66-годишна возраст е сè уште спортски активен.
Добрите мелодии и подкасти се дополнителни мотиватори за да го даде најдоброто од себе. 🎶
Фитнес рутината на Владимир изгледа вака: ⬇️
Во последниот период вежбам 3-4 пати во неделата, трчам 2-3 пати и се обидувам да отидам на некоја планина или природа. Кога нема пеколни температури надвор, неколку пати во месецот одам на Водно.
Најдобриот тренинг што досега го имал било фитнес во комбинација со кик-бокс.
Ваков тренинг се случи само еднаш, но навистина беше нешто ново за мене. По тренингот се чувствував како којзнае што да сум направил. 😅 Во иднина планирам да се пробам повеќе во оваа област.
Смешните ситуации се неизбежен дел на личност чиј втор дом е фитнес центарот.
Најсмешната ситуација што ми се има случено при вежбање беше во средно школо. Првото одење во теретана беше во една маалска теретана каде најчесто немаше никој, па дури ни вработен, туку онака беше отклучено за да се извежбаш и да оставиш пари на крај во соблекувалната. Одев со другар и не ни се вежбаше ниту на двајцата, па тој саат време наместо во вежбање, го минувавме во играње нинтендо. 🤭
Теретаната останува неговиот избор и ден денеска, бидејќи по неколку неуспешни обиди за вежбање од дома, сфатил дека тоа не е идеалната средина за него.
Имав повеќе обиди да вежбам од дома, купував реквизити, симнував апликации, букмаркирав тренинзи на YouTube, но без успех. Не знам зошто, најверојатно бидејќи е истата средина во која си преку денот и правиш и други работи (готвиш, спиеш, работиш) и некако не можев да вежбам воопшто, дури ни во време на корона кога бевме во неколкудневни карантини. Затоа мојот избор дефинитивно е фитнес студио. Сум вежбал во теретана еден месец со личен тренер со цел да научам правилно да вежбам. Сепак, подобро ми е кога вежбам сам бидејќи сам си одредувам темпо и вежби, си ставам слушалки и на некој начин се изолирам од опкружувањето, без разлика дали сум сам во теретана или има гужва. 🏋️
Владимир работи како Marketing Specialist во компанијата Netcetera.
Тој смета дека можноста за користење на ФитКит апликацијата не само што е една од низите бенефити на компанијата, туку е и еден вид мотивација за вработените да се чувствуваат подобро и да се посветат на своето здравје.
ФитКит е најпрактичен и најлесен начин да бидеш физички активен и мотивиран дури и кога не ти се вежба. Има огромен избор од места, но и типови физичка активност. Претпоставувам дека поголемиот дел од моите колеги поминуваат 8 часа работно време пред компјутер, па секоја физичка активност е добредојдена! 🤸♀️
За да дознаеш повеќе за Владимир:😎
👍 Додај го за пријател на Фејсбук: Vladimir Jordanov
📸 Пиши му на Инстаграм: @vljordanov
🎯 Конектирај се на LinkedIn: Vladimir Jordanov
ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и со опција за закажување сесии со лиценциран психолог.
ФитКит е и платформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови. Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV. Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.