ФитКит Херој на Неделата: Влатко Николовски

Vlatko-Nikolovski

Не може да си го замисли денот без добар тренинг во теретана, уживајќи во контракцијата на мускулите и чувството откако добро ќе се извежба. 🏋️

Запознајте го Влатко Николовски, нашиот ФитКит херој на неделата. 👋

Татко ми е оној којшто ме навлече на спортот. Како дете, се сеќавам дека секој викенд ме носеше на кошаркарскиот терен во населбата каде што живеевме и ме учеше на правилата на кошарката. Со него заедно гледавме НБА натпревари и така си најдов играч кој до ден денеска ми е идол и сакам да бидам како него. Меѓутоа, поради повреда, не можев повеќе да играм кошарка и се свртев кон нешто друго, наоѓајќи утеха во тежинскиот тренинг. Но, со текот на времето, сфатив дека се повеќе уживам во овие тренинзи и тие ми станаа секојдневна “обврска”. 

Песната „Lose yourself” од Eminem најдобро ја опишува фитнес рутината на Влатко што изгледа вака: ⬇️

Вежбам 6 дена неделно – од понеделник до сабота, а неделата си ја користам за одмор и за истегнување. Комбинациите на тренинзи ми се направени врз основа на моите слаби и силни страни. Рутината ми се состои од 3 дена вежбање нозе, 1 ден грб, 1 ден рамо и раце и 1 ден за гради и мала стимулација на грбот. Омилена мускулна група за вежбање ми се грб и нозе, дефинитивно. Независно која мускулна група ја вежбам, почнувам со 2 серии за загревање со помала тежина, а потоа преминувам на тренингот.

Vlatko-Nikolovski

Уште од мал, Влатко имал проблем да си ја зголеми телесната тежина и се соочувал со предизвик да качи мускулна маса.

За време на средношколските денови започнал со тежински тренинзи за да си го оформи телото, но бидејќи не знаел дека треба да комбинира вежбање со квалитетна исхрана, резултатите му биле минимални.

Откако станав посериозен за вежбањето и се едуцирав на оваа тема за време на факултетските денови, видов вистински резултати. Успеав од 50 килограми да качам 75 килограми за рок од 1 година и неколку месеци. Тоа за мене беше огромен успех со оглед на тоа што многу години мака мачев и 1 килограм да качам.

Денес, тој има режим на исхрана што му помага да оствари врвни резултати – 60% од времето внесува храна со добри нутритивни вредности. Секако, понекогаш си дозволува и по некој cheat meal. 🤭

А кога го мрзи да вежба, еве како Влатко се мотивира:

Искрено, за мене мотивацијата е ништо. Доколку немаш дисциплина – ништо нема да постигнеш. Ова го велам бидејќи мотивацијата е моментална и се губи многу брзо. Би го споредил ова со одење на работа. Многу луѓе одат на работа иако немаат мотивација за тоа, ама мораат да станат од кревет и да создадат навика за тоа. Доколку можеш да бидеш дисциплиниран за одење на работа, зошто да не бидеш и за вежбањето? Секој од нас има денови кога го мрзи да вежбање (помалку или повеќе), меѓутоа има и денови кога знам дека на моето тело му треба одмор и ќе биде подобро ако тој ден се прескокне тренингот. Треба да се препознае разликата помеѓу овие 2 чувства – на прекумерен умор и мрза, бидејќи мрзата ќе помине после првата вежба во теретана, но ако сте премногу уморни и сепак отидете да вежбате, шансите за повреда се многу големи.

Vlatko-Nikolovski

Влатко работи како Software Developer во компанијата Valtech. 🧑‍💻

Тој вели дека користењето на ФитКит како компаниска придобивка му овозможил флексибилност да си ја избира локацијата за тренинг во зависност од тоа каде се наоѓа. 

ФитКит ми помогна да можам да одам во повеќе фитнес центри, во зависност од тоа каде сум во текот на денот. Не морам да брзам или да се грижам дали ќе стигнам од еден во друг дел од градот доколку има фитнес центар во моја близина.

Ако сакате да постигнете резултати, посветете се повеќе на исхраната отколку на вежбањето и не брзајте со покачување на тежините, советува Влатко.

Rome was not built in a day! Учете повеќе од физиотерапевти, а помалку од билдерите  кои вежби треба, а кои не треба да ги изведувате. Посветете се на исхраната многу повеќе отколку на вежбањето. И не брзајте со покачување на тежините, зашто така најчесто и настануваат повреди кога се брза со покачување на тежините што телото не може да ги поднесе – сè ќе си дојде со време. Ако имаш повреди, не ги игнорирај, бидејќи може уште полошо да си направиш и ќе мораш да паузираш со вежбање на многу подолг период

Кога не вежба, Влатко се релаксира со хумористични серии, филмови или некоја добра книга.

До крајот на 2024 година, неговата фитнес цел е да си ги врати 75 килограми што ги имал, да најде време да игра повеќе кошарка и фудбал и да практикува јога. 🎯

 

За да дознаеш повеќе за Влатко:😎

📸 Пиши му на Инстаграм: @VNikolovski

🎯 Конектирај се на LinkedIn: Vlatko Nikolovski

 

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и со опција за закажување сесии со лиценциран психолог. 

ФитКит е и плFitKit logoатформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови. Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV. Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore