FitKit Plus Crossfit програма на Атанас Михајловски

FitKit Plus Crossfit програма на Атанас Михајловски

Почнал како професионален фолклорен играч, преминал во телеком инженер, а денес е еден од најдобрите Кросфит тренери во земјава со многу задоволни и активни вежбачи. 💪

Запознај го Атанас Михајловски, еден од нашите FitKit Plus тренери кој ја води програмата Основи на Кросфит. 👋

Станува зборови за прецизно креирани тренинзи за мажи и жени, одлични за секоја возраст. Неопходно е само да имаш простор за вежбање, соодветна основна опрема за тежински тренинг и волја за вежбање.

Оваа програма ги поставува основите на функционалниот фитнес кои што на сите ни се потребни. Детално ги воведуваме во истите со прогресии, чекори на учење и соодветно определување на интензитет. Сама по себе програмата е доволна за секој почетник да се запознае со овој тип на тренинг, а секој кој е понапреден да се врати на основите и да ги потврди знаењата за истите.

Еве како изгледа еден Crossfit тренинг: 👇

  • Почнува со раздвижување и генерално загревање;
  • Следува специфичното загревање;
  • Главен тренинг;
  • Дополнителни вежби (по потреба);
  • Се завршува со истегнување.

Атанас ги објаснува придобивките од Crossfit тренинг:

Најубавата работа од оваа програма е што детално се разработени основните движења кои доколку се совладаат ни обезбедуваат сериозна основа за понатамошен нервен и мускуло-скелетен развој. Оваа програма може да се тренира повеќе циклуси по ред и секој повторен циклус може да те доведе до прогрес и нова адаптација. 👌

FitKit Plus Crossfit програма на Атанас Михајловски

За да дознаеш повеќе за Атанас:

✅ Следи го на Инста — @atanas.mihajlovski

✅ Пиши му на Фејсбук — Атанас Михајловски

👉За да вежбаш Основи на Crossfit со Атанас, креирај го твојот профил на FitKit Plus.

Еве зошто треба да тренираш Основи на Кросфит со Атанас Михајловски: 👇

Оваа програма е интересна, ве држи активни во текот на сите тренинзи и паралелно се развиваат аеробниот капацитет во повеќе домени и силовите компоненти на вашиот систем.


FitKit logo FitKit plus

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и во online вежбалните низ целата држава.

Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.

1 thought on “FitKit Plus Crossfit програма на Атанас Михајловски”

  1. Pingback: FitKit Plus Mobility со Кико програма на Христијан Томовски

Comments are closed.